Доктори.мк | Неколку типови на мажи со кои долго не можете да останете среќни | nekolku-tipovi-na-mazi-so-koi-dolgo-nemozete-da-ostanete-srekni | Портал за медицина и здравје

Неколку типови на мажи со кои долго не можете да останете среќни

Понекогаш сте полни со почетничка среќа, љубов и романтични моменти, но подоцна работите започнуваат да се менуваат. Постојат неколку типови на мажи со кои едноставно неможете да останете среќни, најчесто поради некоја негова особина со која не може да се помири. Еве неколку типови на мажи, со кои подобро воопшто да не влегувате во врска.

Скржавец

Значи доколку вашиот партнер се грижи за парите тој не е скржавец, сосема е нормално денес да се внимава каде и колку пари се дава. Сепак постојат мажи кои едноставно се окупирани со парите и за нив непостои ништо друго што е поважно од печалењето пари. Овие мажи обично тешко функционираат во врска, тие ретко наоѓаат време за партнерката, мислат само на парите, а и на крајот иако се богати тешко дека ќе дозволат малку да уживате во богатството, бидејќи стануваат алчни. Бегајте од ваков тип на мажи бидејќи иако ќе бидете богати, всушност нема да имате ништо.

Опседнати со спортот

Мажите обично го сакаат спортот, тие сакаат да гледат фудбал и други натпревари и тоа е сосема нормално. Сосема нормално е да се дружи со другарите понекогаш на спортски натпревари или дома заедно со некое шише пиво. Сепак постојат и такви мажи кои се опседнати со спортот во буквална смисла, тие едноставно се откажуваат од се, само за да гледаат спорт. Вие секако ќе бидете личност на трето место, бидејќи спортот и излегувањето со другарите ќе ги завземат првите две, а тоа секако не е вредно.

Не ги почитува вашите другарки и ви забранува да се дружите со нив

Доколку вашиот партнер не ги почитува вашите другарки, тогаш имате голем проблем. За една врска да функционира нормално мора да имате чисти сметки и со партнерот и со друштвото. Доколку тој не го сака вашето друштво и ви забранува да се дружите со вашите другарки тогаш вашата иднина е навистина под голем прашалник. Ако сте во врска може лесно да се случи да раскинете, а доколку предходно сте се скарале со другарките, може да дојдете во ситуација кога сте потполно осамени. Затоа никогаш не оставајте го друштвото заради дечко кој има посебни барања, оној кој вас ве сака искрено ќе ја сака и вашата околина.

Врзан за родителите

Во ред е партнерот да биде врзан за родителите тие се негово семејство и треба да ги сака и почитува. Но постојат мажи кои едноставно не можат да пораснат. Тој се зависни од храната на мајката и советот на таткото, никогаш не сака да донесува сам одлуки, секогаш при проблем решението го остава на таткото. Овој маж е не сигурен и вашата иднина со него е голем прашалник. Тој лесно може да ве остави и вас на барење на некој од родителите.

Мрзлив и претерано ладнокрвен

Сите ние и мажи и жени понекогаш сме мрзеливи. Ладнокрвноста е одлична особина се додека не ги помине границите на нормала. Постојат мажи кои живеат за далечинското и телевизорот, абиции скоро и немаат, за секоја работа тврдат дека е тешка или не исплатлива. Овие мажи речиси не сакаат да слушнат за работа, а пари лесно прифаќаат од било кој, само за да не работат. Овие мажи се најопасни за вас, бидејќи понатаму во животот не само што нема да ве направат среќни туку животот може да ви стане пекол, работата, куќата и се друго да остане на вас, а тој да живее за пивото и телевизорот. Да, баш како на филмовите, верувајте статистиката покажува дека голем број на мажи се од овој тип и што е најлошо бројот е во постојан и рапиден пораст.

Никој не е идеален, љубовта е чудна работа ќе се заљубите во некого во кого најмалку очекувате. Се ова е убаво кога не е врзувачко. Затоа наш совет е: бидете заљубени и полни со разбирање, но внимавајте кога бирате партнер за долги патеки, бидејќи грешката може многу да ве чини.

 

www.doktori.mk, 23.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости