Дуња - овошје полно со здравје

Дуња, овошје кое наликува на круша. Прекриена е со влакна и има моќна златно жолта боја. Потекнува од Кавказ, се одгледува во Азија и Европа, често може да се најде и на приморските области на овие два континенти.

Луѓето на Балканот, кога ќе се спомене дуња се присетуваат на дуњовата ракија која е многу популарна, па често забораваат колку е корисен самиот плод на дуњата. Таа е корисна како свежа, нејзиниот сок, слатко, чај и уште многу работи можат да се направат од ова овошје и сите се незаменливо добри и здрави.

Дуњата е многу здраво и лековито овошје, уште од многу одамна таа е позната на луѓето на овие простори, опишувана е во приказни, спомнувана во песни, станала симбол на љубовта, свежината, здравјето, плодноста ... Дуњата или Cydonia oblonga е корисна не само како плод туку и нејзиното семе и нејзиниот лист. Од листот на дуњата може да се направи чај кој е многу здрав, но под услов истата да не е прскана со никакви хемикалии. Интересен е фактот што од дуњата можат да се прават многу облоги кои помагаат за заздравување и дезинфецирање на раните, како и за спланување и намалување на отоците, создадени од разни причини.

Нутритивна слика на дуњата

  • Бакар

  • Растителни масла

  • Растителни влакна

  • Биофлавоноиди

  • Витамини од групата Б

  • Витамин Ц

  • Железо

  • Гликозид

  • Емилзин

  • Јаболкова и други видови киселини

  • Калиум, калциум, магнезиум, натриум

  • Пектин

  • Танин

Здравствен ефект дуњата има во следните состојби:

  • Заздравување на рани

  • Анемија

  • Скорбут

  • Синузит

  • Акни 

  • Болести на грло и нос

  • Инфекции 

  • Слаб имунитет

  • Нервоза

  • Несоница

  • Изгореници

  • Проблеми со кожата

  • Кашлање, кивање и др.

Дуњата луѓето ширум светот започнуваат интензивно да ја користат, кај нас за жал се повеќе се заборава. Имајте на ум дека дуњата е исклучително здраво и моќно овошје и доколку на било кој начин ја вклучите во исхраната, организамот ќе ви биде благодарен.

 

www.doktori.mk, 26.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана