Дали љубовта ја уништува сексуалната страст во врската?

Глeдано од страна љубовта би требало да биде совршен посредувач за секс. Односно ако двајца се сакаат многу, тогаш сексот би требало да им биде одличен. Но, изгледа не е така. Трејси Кокс која е сексолог, вели дека интимните чувства и блискост, можат можеби и во целост да ја уништат сексуалната страст.

Според д-р Трејси кога двајца се заљубени и разменуваат емоции, сексот паѓа секогаш на второ место. Пријателството во врската е обратно пропорционално со сексот - вели д-р Трејси. Имено, што поголема емотивна блискост се намалува сексуалната страст и сексот не е баш добар како што би сакале да биде.

Доста е иронично тоа што партнерите кои се помеѓу себе навистина блиски и со сигурност се сродни души, да имаат најлош секс помеѓу себе. Зошто? Затоа што нивната блискост и неверојатна поврзаност ќе ја уништи хемијата помеѓу нив ... вели д-р Трејси.

Научниците сеуште немаат ништо конкретно научно докажано што би можело да го објасни ова. Сепак постојат различни тези едната е таа дека партерот својата партнерка ја доживува како дел од своето тело, односно негова втора половина, што воопшто не оди во прилог на лачењето на хормоните кои ја стимулираат желбата за секс. Сепак сите научници се согласуваат дека спротивностите се привлекуваат, па и мажот и жената треба да си ја одиграат својата улога така што и физички и психички ќе си ги нагласат спротивностите и карактеристиките, како би можело сексот да биде доволно добар и делотворен како и нивната љубов.

www.doktori.mk, 19.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил