Предвремена ејакулација - најчест облик на сексуална дисфункција

Според последните истражувања предвремената ејакулација е најчест облик на сексуална дисфункција, која представува огромен проблем за голем дел од мажите. Поради овој проблем мажите се чувствуваат помалку самоуверени, патат од депресија, избегнуваат секс, често се и агресивни и за ситуацијата ја обвинуваат партнерката.

Предвремената ејакулација е сексуална дисфункција која може да настане пред и за време на вагинална пенетрација далеку пред партнерите тоа да го посакаат, или поточно за помалку од  2 минути. Нормален сексуален однос би требало да трае над 2 минути, поточно од 2 до 10 минути. Нормално е и двајцата партнери  да доживеат оргазам ,ако тоа го можат за кратко време тогаш нема никаков проблем, но сепак често тоа не е можно поради проблемот со предвремената ејакулација кај мажите, која според експертите е се почест проблем.

Како причина за овој проблем научниците го наведуваат проблемот со автономните рефлексни патишта, како и преголемата осетливост на нервните завршетоци на пенисот.  Најдобро е проблемот да се лекува со комбинација психолошка и психијатриска, бидејќи точен органски проблем неможе да се лоцира.

Лекувањето се изведува со советувања, најчесто за начинот на сексуалниот однос и техниките на применување. Денеска има различни агенси кои се покажуваат поприлично успешни, т.е. постојат креми и спрејови кои се нанесуваат на главата од пенисот и тој ја намалува осетливоста што допушта да се одржи нормално траење на сексуалниот однос.

Во фаза на испитување се уште неколку лекови кои ветуваат за подобрување на оваа состојба, но нивното тестирање е во тек, па мора да почекаме до нивното конечно одобрување.

www.doktori.mk, 22.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина