Брз рецепт против кашлање

Сеуште се наоѓаме во сезона кога настинката и грипот се активни меѓу луѓето. Напишавме многу статии како да се заштитиме од грипот, како да го превенираме ширењето, како да го лекуваме, но едно нешто е особено важно, а тоа е како да го издржиме.

Сите сме свесни дека настинката или грипот ќе траат неколку дена па и неколку недели, за тоа време имаме константни промени во нашата здравствена состојба, една промена која постојано ќе не нервира е кашлицата. Кашлањето ќе не иритира, ќе ни создава главоболки и непријатности, можеби најголеми непријатности од сите други пропратни симптоми на грипот. Денеска ви нудиме еден многу брз и многу ефикасен рецепт кој ќе го смрити кашлањето и ќе ви помогне полесно да ги поднесете ноќите додека грипот вирее во вашето тело.

Што ни е потребно?

  • Три лажици мелен ѓумбир

  • Три лажици мелен ким

  • Три лажици шеќер

Приготовка и користење

Приготовката е можеби наједноставна од сите рецепти, а тоа е едноставно помешајте ги сите состојки заедно, така што ќе добиете прашкава смеса.  Пред спиење голтнете една голема лажица од оваа смеса. Важно е барем 20 сетина минути да не пиете ништо по земањето на смесата.

Важно е да се напомене дека оваа смеса нема воопшто лош вкус, но е поприлично тешка за голтање. Сепак според старите екими ова е едноставен брз рецепт кој дава одлични резултати. Ја смирува кашлицата и ви помага полесно да заспиете, без притоа многу да се напрегате за да кашлате. Затоа ви препорачуваме, пробајте, неможете ништо да изгубите.

 

www.doktori.mk, 18.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана