Интерактивен веб проект за глобалните оптеретувања со заболувања

доктор на медицина

Бесплатна интернет страница со интерактивни графикони кои ги покажуваат причините за смрт,заболувањата како и ризиците од одредени заболувања, компaративно помеѓу земјите во светот како и компаративно по однос на состојбите во текот на изминатите години, беше промовирана неодамна во Сиетл, САД.


Презентираните податоци се производ на повеќегодишна напорна работа, под наслов Проект за глобално оптеретување со болести, во кој биле вклучени и го изработиле 488 истражувачи како и 303 институции од 50 земји од светот. Интернет страницата овозможува здравствени профили за 187 земји и им овозможува на корисниците да ги споредуваат нациите со нивните географски, економски или културни соседи. ПрГрафичкиот приказ е интерактивен, со можност за приказ на 291 заболување како и 67 ризик фактори, како и опција за преглед на промената на преваленцата на истите од 1990 година па наваму.

Се очекува графички прикажаните информации да бидат користени како извештај врз база на кој ќе се конструираат здравствени политики од стррана на политичарите, како генератори на хипотези за епидемиолозите или пак едноставно како извор на информации за сите заинтересирани за здравствените состојби во светот. Податоците се искористени во студија која се појави во the Lancet минатата недела, која го споредува Британското здравство со здравството на 15 други Европски земји во изминатите 20 години.


Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс обезбедил 8,2 милиони долари за надградување на првичниот проект со податоци за 2010 година, со оглед на тоа дека примарниот проект започна во 1993 година. Фондацијата на Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда има вложено 26 милијарди долари од нејзиното основање во 1997 година, од кои најголем дел на средства за унапредување на здравјето во земјите во развој.



Проектот е воден од Кристофер Мареј, лекар и економист на Институтот за здравствена метрика и евалуација при Универитетот во Вашингтон, САД.Институтот е основан во 2007 година со помош на донацијата од 107 милиони долари од Фондацијата Гејтс.
“Бев вчудоневиден од бројката на заболени од одредени болести во сиромашните земји на светот.Можноста да се има прецизен увид во фактот кој говори дека диајреа убива милиони деца, и дека некои од тие случаи предизвикани од н.п. ротавируси е можно да се превенираат..” изјавил Гејтс на промовирањето на веб апликацијата која е бесплатна и достапна на следниот линк:

http://www.healthmetricsandevaluation.org/gbd/visualizations/gbd-arrow-diagram

 

дознајте повеќе за д-р Ненад Лазаров

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 14.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина