Доктори.мк | Најчесто поставувани прашања за оралното здравје на дечињата во првата година | najcesto-postavuvani-prasanja-za-oralno-zdravje-na-dete-vozrast-7-do-12-meseci | Портал за медицина и здравје

Најчесто поставувани прашања за оралното здравје на дечињата во првата година

доктор по стоматологија

По наполнувањето на 6 месеци кај детето веќе започнуваат да растат запчињата, што укажува дека во овој период на детето треба да му се обрнe особено внимание кога станува збор за оралното здравје. Кога прв пат да посетите стоматолог? Кога да започнете со миење на забчињата? Прочитајте ги во продолжение нај поставуваните прашања во врска со оралното здравје на деца на возраст од 7 до 12 месеци.

1. Колку време трае периодот на никнување на забите?

Периодот на никнувањето на забите трае неколку дена. Најчесто околу една недела за секое запче при што симптомите се присутни неколку денови пред и неколку денови после никнувањето на запчето.


2. На која возраст детето треба прв пат да посети стоматолог?

Првата посета на стоматолог потребно е да се направи со појавувањето на првото запче. Контролни прегледи се вршат на секои три месеци со што постојано ќе се следи развојот на запчињата и ќе може да се планираат мерките за спречување на болестите на забите кои би можеле да се појават.

 

3. Во кој период завршува растењето на млечните заби?

Околу 30 месец односно во првата половина од третата година најчесто се изникнати сите 20 млечни заби.


4. Кога треба да се почне со миење (чистење) на запчињата кај детето?

Со никнувањето на првото запче започнува грижата за забите. Во почетокот секако миењето на запчињата ќе го прави родителот со четка за заби за деца и вода. Повеќето мали дечиња незнаат ефикасно да ја користат четката бидејќи немаат развиена графомоторика т.е. немаат развиена вештина за да прават прецизни движења со прстите. Доволно е во овој период да ја стекнат навиката за миење на запчињата.

5. Зошто не се препорачува користење на паста за заби со флуор до 2-3 годишна возраст?

Во принцип, не би требало да се користи паста за заби која содржи флуор кај деца до 2 или 3 годишна возраст затоа што тие не знаат да плукаат и постои опасност да проголтаат одредена количина од пастата.

 

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

 ПЗУ "Д-р Каланоска" -  Охрид

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 14.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија