Едноставни трикови како најлесно да ја намалите телесната тежина

Како да гo намалите вишокот килограми? Ова е најпопуларно прашање на современото време. Со оглед на начинот на живеење уште долго луѓето ќе имаат проблеми со зголемената телесна тежина. Денес ви нудиме интересни трикови како најлесно да ja намалите телесна тежина без при тоа многу да се измачите.

Масажа против гладување

Можеби ви звучи бизарно, но да, постои масажа за намалување на чувството на глад. Во пределот на вратот од клучната коска па надолу до градите, градната коска и ребрата, правете благи масажи, масажата фокусирајте ја на меѓуребрените мускули. Земете воздух за да се отворат меѓуребрените простори, а потоа правете длабоки масажи со врвот на прстите помеѓу ребрените простори во едниот, па во другиот правец. Според некои познавачи, оваа масажа го намалува чувството за глад и е навистина ефикасна.

Ладни пијалоци

Ладните пијалоци ќе ви бидат од голема корист. Според истражувањата пијалок кој е на температура од 4 степени доколку се внесе во организмот, тој ќе потроши 65 калории да го доведе до телесна темперетура, што е одличен плус во губењето на килограмите.

Водата ги елиминира килограмите

Доколку имате проблеми со целулитот, минералната, но негазирана вода ќе ви помогне повеќе од многу различни диети. Ваше е да пиете по 2 литри минерална негазирана вода дневно и да внимавате на стресот и прекумерната храна богата со незаситени масни киселини. Добро е во текот на денот да испиете и по некоја чаша зелен чај, кој дополнително ќе помогне во детоксицирање на организамот.

Ѓумбир

Искористете ги поволностите на пријатниот и миризливиот ѓумбир. Додавајте го секаде каде што ќе можете, тој е докажан борец против вишокот на килограми.

Јаболков оцет

Една лажичка пред и по обилен оброк, ќе допринесе да се разградат мастите и да не се складираат во вашиот организам. Внимавајте, немојте да го користите овој метод доколку имате осетлив желудник. Ефикасни се и таблетите од јаболков оцет, тие се помалку инвазивни од суровиот јаболков оцет.


 

www.doktori.mk, 15.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана