Банана - овошје и лек

Бананите се високи воглавно едногодишни растенија кои растат во тропските предели. Интересен е фактот што бананите се зелјести растенија без оглед на фактот што нивниот раст дефинитивно наликува на дрво. Според познавачите постојат околку 50 различни сорти на банани ...

Нутритивен профил на бананата

Бананата е можеби нај идеалното овошје за држење на диета. Таа е богата со многу хранливи состојки, витамини и минерали. Просечно еден плод од банана содржи околу 100 калории. Бананата содржи во себе многу состојки, еве ги најважните:

  • бакар

  • растителни масла

  • растителни влакна

  • витамин Ц,Б12, Б6, Д, Е

  • железо, калиум, калциум, магнезиум, манган

  • јаглехидрати

  • фолна киселина, фосфор

  • шеќери (фруктоза, глукоза)

Исхрана

Бананата во исхраната има голема примена, од неа се прават сокови, слатки, десерти, овошни салати и уште многу други работи, како и да се припреми таа е благодет за целиот организам и за неговите физиолошки функции.

Познавачите за бананата велат дека е исклучително практична, според некои истражувања една банана дава енергија за час и половина активна физичка работа. Особено спортистите бананта треба да ја користат секојдневно бидејќи не постои ниту едно овошје кое е помоќен помошник на спортистите од бананата. Освен ова бананата се препорачува за доручек и вечера, бидејќи веднаш ги надокнадува сите потребни хранливи состојќи, а не го оптеретува организамот, но секако е добредојдена и како меѓу оброк. 

Наша препорака, јадете банана секогаш како десерт, а исто така  пробајте со банана да ја задоволите и вашата желба за благо, сегогаш кога ќе ви се јави.

Корисност и лековити својства

Бананата е извор на антиоксиданти, делува против патогените бактерии и вирусите. Па научниците освен за јаболката, и за бананата велат дека една дневно е одлично решение кое ќе ги намали вашите здравствени проблеми и ќе ви ја надокнади целата изгубена енергија.

Бананата мора да се конзумира што е можно по свежа. Нејзиното чување во ладилник може да предизвика брзо губење на корисните состојќи како и брзо расипување. Но, мораме да напоменеме дека бананата предизвикува алергија кај голем број на луѓе, затоа се препорачува на малите деца прв пат да се даде во кашичка и тоа во многу мала количина, како би се проверило како организамот реагира на истата.

Конкретно бананата може да се користи за лекување на следните здравствени состојби:

  • анемија

  • авитаминоза

  • ПМС

  • акни

  • проблеми со крвни садови

  • проблеми со депресија

  • проблеми со желудник 

  • опстипација

  • импотенција

  • покачена темперетура

  • раздразливост

  • пролив

  • регулирање на шеќерта во крвта

  • утринска мачнина

  • инфаркт

  • мозочен удар

  • стабилизација на цревната флора

  • подобрување на меморијата

  • киселини

  • концентрација

Бнаната како облог

Можеби ви звучи не секојдневно, но бананата е меѓу нај делотворните облози. Таа го намалува црвенилото, темперетурата на отокот, и е многу моќен стабилизатор и намалувач на отоците во телото.

Бананата е одлична и како храна и како лек, сите атлетичари ја користат како енергетски извор за време на паузите, таа е несомнено една од најкорисните и најмоќните тропски овошја.

www.doktori.mk, 20.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана