Доктори.мк | Како да го избегнете пролетниот замор и поспаност | Kako-da-ja-izbegnete-proletnata-pospanost | Портал за медицина и здравје

Како да го избегнете пролетниот замор и поспаност

Доаѓањето на пролетта понекогаш ве прави поспани и мрзеливи.Tоа е нешто слично како на пример наутро кога станувате, и ви е потребно  најпрво да се расоните па да започнете со денот. Вака е и со раната пролет, уште од самиот почеток е потребно да ја превенирате поспаноста и чувството на замор. Еве неколку совети на што треба да обрнете внимание за успешно да се разбудите од зимскиот сон ...

Вежбање

Не мора да станува збор за одење во теретана или остварување на професионални фитнес вежби. Доволно е по секое станување од спиење да се истегнете и да направите некоја серија стомачни или склекови доколку сте машко. Уште подобро би било ако можете и да истрчате некој краток круг. Ова ќе ве расони ќе ве наполни со енергија и добро расположение. Денот ќе ви биде полн со енергија, но секојдневното вежбање ќе допринесе да ја избегнете пролетната поспаност.

Туширање 

Туширање секое утро. Ова е одличен начин за започнување на денот, и исто така  одличен начин за превенирање на пролетниот замор и поспаност.  Туширајте се секое утро наизменично со топла и ладна вода, ова ќе ве разбуди, расони и ќе ја измие вашата пот од вежбањето и спиењето. Навечер опуштете се во топла купка со ароматизирани масла. Ова е можеби најдобриот метод за справување со пролетната сонливост.

Масирање

Не мора во масирањето да вклучувате некој друг, доволно е да се само-масирате додека сте под туш или додека се бришете со крпа  по туширањето. Со масажата ќе  ја подобрите циркулацијата и ќе ја зголемите флексибилноста и расположението.

Чаеви

Чаевите треба да се составен дел од вашето мени во периодот на раната пролет. Секојдневно пијте и повеќе од половина литар зелен чај или било каков друг чај на база на билки. Тој ќе го детоксицира организамот и ќе му помогне на телото полесно да се разбуди.

Овошје и зеленчук

Како и секогаш, така и сега, мораме да ја споменеме важноста на овошјето и зеленчукот за правилното функционирање на телото не само во пролет, туку во било која доба од годината. Свежо исцедените сокови се одличен избор.

www.doktori.mk, 18.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил