Очите мамат, љубовта мати

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Исто не гледаат ниту мажите, ниту жените! Посебно кога ја гледаат особата од спротивниот пол. Жените повеќе гледат детали и читаат неизговорени пораки од неговите очи. Мажите со поглед лизгаат од лицето до градите, па по задникот и нозете. Пресудата дали е таа вредна паѓа за седум секунди ...

Мажите не се ниту подобри ниту полоши од жените. И обратно. Само се разликуваме на милијарда начини. Дури и не гледаме еднакво, ако гледаме личност од спротивен пол. Испитувањата покажуваат дека жените попрецизно гледаат и подобро ги забележуваат карактеристиките на предметот на интересот.Машкиот поглед, кога ќе виде жена, редовно се лизга преку нејзиното лице до градите, па се спушта кон задникот сé до нозете, а потоа се враќа и застанува на нејзините очи. Притоа, на редоследот на видното поле дејствуваат многу фактори, а за целата таа приказна доволни се само седум секунди.



Кај жената работите се поинакви. Тие повнимателно ги набљудуваат луѓето, а кога им е маж во видното поле, својот поглед прво го запираат на неговите очи. Во нив бараат признавање на својата убавина, ама и порака дека се привлечни, сензуални, интелигентни. Интересно, она што ќе се прочита во машкиот поглед многу зависи од женските желби. Откако ќе ја оценат машката чувствителност и неговите пораки, жената, најчесто, гледа во неговите раце, а потоа во другите телесни обележја.


 

Непишани пораки

Харвардскиот психолог Роберт Росентал со соработниците со посебни постапки ја испитувал видната способност. На испитаниците им прикажувал снимки на луѓе со различни изрази на лицто и со различни ставови. На пр. во текот на две минути прикажана им е жена чие лице прикажувало запрепастување и гнев, а тие, меѓу повеќе понудени одговори, требело да го одберат она што ја откирва причината на таквиот израз на лицето – на пр. лутење поради љубомора. Открил дека жените, независно од степенот на интелигенцијата, подобро ја разбираат пораката што не е изразена со зборови од мажите. Тие точно ги препознавале и кога времето на прикажувањето се скратило на само дваесет секунди! Значи, времето било толку многу кратко што не можеле да размислуваат, туку само претчувствувале, односно инстиктивно одговарале.



Факт е дека жените невербалните пораки поточно ги сознаваат и подобро ги решаваат отколку мажите. Научниците ова го објаснуваат на два начина. Првото објаснување се темели на женската биолошка функција, мајчинство, што ја прави почувствителна за сите појави. Таа посебна способност им е вродена.

Таа ја гледа душата

Социолозите го даваат второто објаснување. Жените подобро, побрзо и поточно ги читаат невербалните пораки отколку мажите затоа што во текот на илјадници години биле потчинети. Тоа ги натерало брзо да ги препознаваат и изговорените и неизговорените пораки на мажите, ама и на соперничките!



 На друг начин не можеле да го израмнат својот недостаток на моќ во заедницата. Докажано е дека битието, кое нема надворешна моќ, мора да ги раздвижи своите внатрешни сили, односно своите вродени нагони. Новороденчето е вистински доказ. Сетилата на ова „беспомошно“ битие совршено функционираат и никогаш повеќе во животот на луѓето на чувствителни дразби не реагираат така суптилно како во времето на доенчето. Однесувањето на мажите кога ја посматраат жената потполно е спротивно.

Него го интересира телото

Двајца мажи можат жестоко да разговараат за било која тема, но ако во нивното видно поле влезе случајна минувачка, разговорот за момент ќе сопре и двајцата ќе го набљудуваат нејзиниот лик. Без разлика дали е тоа вродено или таа навика ја стекнале во животот, скоро сите мажи, кога ќе видат жена, имаат еротски мисли што им го оттргнуваат вниманието. Првиот машки поглед не го привлекуваат женските очи што покажуваат: чувствителност, добрина, скромност, интелигенција. Машкиот поглед го привлекува женскиот изглед, посебно еротските карактеристики на нејзиното лице или нејзиното тело.

Французинката Сузана Дунсен (сексолог) истакнува: „Малку се мажи кои сериозно би рекле на некој семинар дека им се допаднала жена затоа што била многу интелигентна“. Откако жената со својот надворешен изглед ќе го поттикне мажот, ќе почне да ги забележува и нејзините други карактеристики. Притоа ќе го набљудува нејзиното лице, потоа телото и накрај очите! Се разбира, има и исклучоци, понекогаш е доволен само еден поглед, па мажот да се обземе со брановидни чувства.Позната е народната поговорка: „Очите на заљубените го гледаат само она што тие го сакаат.“ Всушност, тоа е и највредното во односите меѓу мажите и жените. Зашто, во спротивно, не би било можно и по три или четири десетлетија на заеднички жовот таа на мажот уште да му изгледа волшебно како девојче, а тој останува на жената силно „мече“, чувар и заштитник.

 

дознајте повеќе за проф. д-р Миќуновиќ

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

 

 

www.doktori.mk, 07.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил