Доктори.мк | Круша - плод на боговите | krusa-plod-na-bogovite | Портал за медицина и здравје

Круша - плод на боговите

Крушата Хомер уште одамна ја опишал како плод дар од бога, а Луј XIV ја сметал за симбол на луксузот. Со оглед на тоа што постојат илјадници видови на круши, нивната форма големина и облик можат многу да варираат.

Нутритивни вредности

Енергетските вредности на 100 г. круша изнесуваат 58 kcal / 242 kJ. Од ова 15,5 % се јаглехидрати, 0,4 % протеини, и 0,1 % масти.

Од минералите крушата содржи:

  • калциум 9 мг.
  • железо 0,17 мг.
  • магнезиум 7 мг.
  • фосфор 11 мг.
  • цинк 0,1 мг.
  • бакар 0,08 мг.
  • манган 0,05 мг.
  • флуорид 2,2 мг.

Од витамини крушата содржи: 

  • Витамин Ц  - 4,2 мг
  • тиамин - 0,01 мг
  • рибофлавин - 0,02 мг
  • ниацин - 0,2 мг
  • пантотенска киселина - 0,05 м
  • витамин Б6 - 0,03 мг
  • Витамин К 
  • Диетални влакна - 3,1 г
  • Фитостерол - 8 мг.

Благодет со користењето на крушата

Растителните влакна кои ги содржи крушата се исклучително корисни пред се за дигестивниот систем, а и за кардиоваскуларниот систем. Тие исто така содржат и многу пектин, дури и повеќе од јаболката. Според многу истражувања крушата го намалува ризикот за канцер на дебелото црево и дојката. Експертите ја препорачуваат за конзумирање особено кај жените во менопаузата. Крушата е особено корисна за намалување на холестеролот во крвта, поради зголемената содржина на диетални влакна. Таа е и огромен резервоар на антиоксиданти кои ги неутрализираат слободните радикали, го јакнат имунитетот и штитат од појава на малигни промени. Научниците ги класифицираат крушите во хипоалергени, па ги препорачуваат за конзумација на малите деца. Кашичките од круша се одлична идеа за новороденчињата, крушата е вистински подржувач на имунитетот и кај малите и кај постарите. Според некои истражувања крушата е овошје кое ја намалува хипертензијата, а со тоа го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Едно неодамнешно истражување го докажува присуството на минералот Бор во крушата, кој го задржува калциумот и штити од остеопороза.

Конзумирање

Како и секое друго овошје и крушата е најдобро да се конзумира свежа. Свежото конзумирање е гаранција дека ќе ги внесете сите нејзини минерали и витамини во количина која горе ја наведовме. Иако при конзумирање крушата се користи со кора, при готвење таа треба да се користи исклучиво излупена. Бидејќи таа брзо ја менува бојата по олупувањето потребно е да се прелие со лимонов сок. Крушата е здрава да се користи и како компот, да се прават густи сокови и разни други овошни салати и коктели. 

Крушата е овошје кое навистина има што да ви понуди, ваше е само редовно да ја конзумирате и да уживате во нејзините придобивки.

www.doktori.mk, 11.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана