Предмети за секојдневна употреба, кои можат да го загрозат вашето здравје

Постојат предмети без кои едноставно не можете да функционирате. Тие се практични и важни, но можат и да го загрозат вашето здравје, особено ако се употребуваат и чуваат несоодветно. Еве на што точно мислиме ...

Монитор

Мониторот од компјутерот секогаш треба да биде правилно поставен. Горниот раб од мониторот мора да биде под прав агол со вашите очи. Секое пониско или повисоко поставување може да предизвика оптеретување на вратот и да предизвика остри болки и нелагодности, кои можат да добијат хроничен тек.

Паричник

Паричникот сам по себе не е штетен доколку не се носи во задниот џеб. Носењето на паричникот во задниот џеб може да предизвика хронично иритирање на бедрениот нерв. Тој може да предизвика многу проблеми, како на пр. кочење на ногата и остри болки. Апел особено до мажите, не носете ги паричниците во задниот џеб!

Телевизор

Неправилното поставување на телевизорот исто како мониторот може да предизвика проблеми со вратот. Сепак нај опасно кај телевизорот е лежењето и гледањето на телевизија. Тој често не е правилно поставен спрема креветот на кој лежите, па е потребно да ја вртите главата и да ја задржувате во таа позиција подолго време. Уште полошо е ако во таа положба заспиете.

Тастатура

Тастатурата е познат акумулатор на микроорганизми кои можат да го загрозат вашето здравје. Но покрај тоа, доколку често ја употребувате подолго време, ризикувате за оптеретување на медијалниот нерв на раката и заболување од така наречениот синдорм карпал-тунел. Затоа редовно правете паузи и дезинфекции на вашата тастатура.

www.doktori.mk, 10.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости