Природен рецепт за јакнење на имунитетот

Имунитетот е исклучително важен за нашиот организам. Ако неговата функција се намали, целиот организам е подложен на ризик. Често се случува  вашиот лекар да ви каже дека имунитетот ви е паднат и дека треба да внимавате на исхраната. Да, исхраната е важна, но ние денес ви нудиме конкретен рецепт кој на многу едноставен начин и брзо ќе го зајакне вашиот имунитет.

Постојат многу суплементи кои се продаваат во аптека, кои се составени од состојки за јакнење на имунитетот. Секако, тие се добри, но природните начини секогаш се на прво место. За било каква здравствена состојба да се работи, природните решенија се секогаш на прво место. Доколку со нив не е можно или е премногу доцна, тогаш се поминува на фармацевтски решенија.  Еве го нашиот денешен рецепт, како да го подобрите имунитетот на брз и целосно природен начин.

Потребни состојки:

  • 1 цитрон
  • 1 портокал
  • 1 јаболко
  • 1 морков
  • 2 лажици природен мед

Сите овие состојќи ставете ги во миксер и миксирајте додека смесата не се соедини. Кашата која ќе ја добиете конзумирајте ја секое утро. Јадете ја кашата лажичка по лажичка, полека во текот на еден час. Бидете упорни, конзумирајте ја кашата секое утро најмалку еден месец. Потоа проверете ги резултатите, успешноста на овој рецепт е висока.

 

 

Не пропуштајте ги следните теми:

Дали сум бремена?

Хемороиди - искуства и совети

Тироидна жлезда

HPV инфекција

Проблеми со бубрезите

Escherichia coli - исплашена сум

Габична инфекција

 

Доктори.мк - Форум за медицина и здравје

www.doktori.mk, 01.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана