Доктори.мк | Неколку типови на секс кои морате да ги пробате | Nekolku-tipovi-na-seks-koi-morate-da-gi-probate | Портал за медицина и здравје

Неколку типови на секс кои морате да ги пробате

Кога зборуваме за сексот, најлошото нешто е тој да биде монотон. Монотоноста е причина за кавги, раскинувања и депресија, а желбата за нешто ново постојано ќе ескалира и ќе води кон неверство. Без разлика дали сте во врска или пак не, денска ние ви нудиме неколку инересни типови на секс кои морате да ги пробате, за да го зачините вашиот сексуален живот ...

Секс по кавга 

Секс по кавга или секс за помирување е еден од типовите на секс кој морате да го пробате. Кавгите се составен дел на секоја врска и се случуваат понекогаш. Па, наредниот пат по жестока кавга пробајте енергијата да ја усмерите кон страствен секс. Ви звучи невозможно? Научниците не велат така. Според експертите за време на кавгите нивото на тестостерон драстично расте, и кај мажите и кај жените, ова може да даде страствен моќен и незаборавен секс, и секако кавгата ќе биде решена ...


 

Одмор од соништата

Сингл сте и со друштво одите на одмор. Пиењето и сончањето не е единственото нешто што треба да го практикувате. На море немате потреба од срамење, го избегнувате товарот на озборувањето од околината и срамот од "добивање корпа". Можете да најдете партнерка која го сака истото што и вие и со неа да ги пробате сите пози без ни малку да ви биде незгодно или да се грижите како таа ќе реагира. Единствено на што задолжително морате да внимавате е користењето на кондом, кое е задолжително.

Секс за разделба

Сексот за разделба е многу моќен, велат научниците. Доколку требате некаде да одите на подолго време и морате да се испратите, сексот пред испраќање е неповторлив. Според научниците во тој период мажите имаат драстично зголемен тестостерон, а жената дури може спонтано да овулира.

Секс како изненадување

Секс како изненадување е неповторливо доживување. Едноставно само треба да се решите. Да го пречекате и без да кажете збор да ја започнете играта без таа или тој воопшто да се надева. Во текот на целата игра не му дозволувајте ништо да проговори, бидете брзи, остри и груби. Верувајте ќе му приредите секс кој никогаш нема да го заборави.

www.doktori.mk, 08.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил