Природни рецепти за лекување анемија

Анемија или слабокрвност представува состојба која може да биде предизвикана од многу причини. Намален број на еритроцити, хемоглобин и железо се најчестите причини кои даваат симптоми на анемија. Анемијата многу луѓе не ја сфаќаат сериозно, а тоа е голема грешка. Анемијата може да се јави како секундарен проблем, односно последица на некое сериозно заболување, па поради тоа нејзиното потекло мора да се испита и истата на најсоодветен начин да се третира.

Најчести причини за анемија

  • Алкохол
  • Кафе
  • Вегетаријанство
  • Неконзумирање на свежи овошја
  • Екстремни диети
  • Заболувања на коскената срцевина
  • Последица на терапија

Најчести симптоми на анемија

  • Замор
  • Поспаност
  • Општа слабост
  • Бледило
  • Забрзана срцева акција
  • Ладни раце
  • Депресија
  • Вртоглавица

Во продолжение на оваа рубрика ви нудиме неколку едноставни рецепти кои според познавачите на алтернативната медицина се делотворни за лекување на анемија

Чај од четири билки

Измешајте во иста количина коприва, жалфија, мајчина душица и нане. Направете чај од оваа смеса во количина од 250 мл. По процедувањето на чајот додајте мед и сок од лимон. Пијте најмалку две чашки дневно, односно околу половина литар.

Тинктура со лук

Исчистете 300 грама лук. Прелијте го со литар чист алкохол и оставете да стои 3 недели. По одстојувањето конзумирајте го три пати дневно, така што 20 капки ќе додадете во половина чашка млеко.

Чај од орев

Земете 20 грама свежи листови од орев. Ставете ги во литар вода и варете ги околу 15 минути. Потоа секој ден пијте по една мала чашка пред ручек.

Чај од рен

Во литар вода ставете 20 грама корен од рен и варете го 20 минути. Оставете го чајот да престои една ноќ, а потоа конзумирајте го два пати дневно, најдобро помеѓу оброците.

Чај од коприва

Многу познат и делотворен рецепт. Чајот приготвен од коприва конзумирајте го млак и најдобро три пати дневно.

Практичен совет плус ...

  • Многу витамин Ц -  тој го подобрува апсорбирањето на железото. најдобро чаша свежо исцеден сок после оброк.
  • Намирници со бакар - тој исто така помага за апсорпција на железото. Житарици, сирење, морски плодови ...
  • Немојте да пиете вино, чај или кока-кола за време на оброк - танинот кој го содржат го попречува апсорбирањето на железото.
www.doktori.mk, 15.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина