Практични рецепти - како да ги намалите триглицеридите

До сега неколку пати посочувавме како треба да се однесуваме и како треба да се исхрануваме за да ги зачуваме срцето и кардиоваскуларниот систем. Триглицеридите се неминовно еден важен фактор кој може да допринесе за создавање на патолошки промени и проблеми пред се на овие органи. Денес нема да ви набројуваме намирници, кои треба, а кои не треба да ги јадете за да ги намалите триглицеридите, бидејќи сметаме дека ова сигурно ви е познато. Наместо тоа, од денес започнуваме со практични и едноставни рецепти кои се познати во народната медицина, а кои докажано дале резултат и го подобриле здравјето на луѓето. 

Ви претставуваме два едноставни рецепти, кои според познавачите на народната медицина докажано делуваат...

Рецепт со дренки

Еден килограм дренки, добро измиени ставете ги во еден сад, кој може да се затвори. Дренките полијте ги со еден литар комова ракија. Смесата оставете ја да стои 40 дена. По поминувањето на овој период процедете ја течноста и пијте ја секој ден на празен желудник по половина чашка за ракија.  По потрошувањето на течноста резултатите веќе би требало да бидат видливи.

Рецепт на база на кромид

Секоја вечер пред спиење ставете една мала главичка кромид пресечена на неколку парчиња во 150 мл вода. Оставете го да преноќи, а утредента извадете го кромидот, а водата испијте ја на празен желудник. Терапијата трае 40 дена, а според познавачите дава одлични резултати.

Се препорачува да применувате само еден од овие два рецепта.

Зедно со овие рецепти внимавајте со конзумирање на мрсна храна, употребувајте риба и суплементи збогатени со Омега 3 масните киселини. Доколку внимавате на исхраната и ги применувате некој од овие рецепти, резултатите би требало да бидат очигледни за краток период.

www.doktori.mk, 07.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана