Царскиот рез поврзан со алергиите на децата

Американските научници откриваат - децата кои се родени со царски рез имаат за 5 пати поголем ризик од алергии за разлика од децата кои се родени по природен пат.

Нaучниците кои го направиле истражувањето велат дека тоа што децата родени со царски рез се 5 пати посклони кон алергии, за разлика од оние родени по природен пат, не е многу чудно, бидејќи децата додека се раѓаат по природен пат, поминуваат преку патот на вагината кој е полн со различна бактериска флора. Бактериската флора на вагината влијае на новороденчето и создава имунитет, па поради тоа децата родени по природен пат, имаат посилна одбрана и се помалку подложни на алергии.

Во истражувањето влегле 1200 новороденчиња, поделени во две групи, родени по природен пат и родени со царски рез. Истражувањето се одвивало така што се правеле алерго тестови на двете групи на новороденчиња, воглавно се проверувале алергии на домашни миленичиња и домашна прашина. По изложеноста на алергенот, во крвта се мереле имуноглобулините Е, и на најсигурен начин се докажувала реакцијата кон алергенот.

Ова истражување оди во прилог кон така наречената хигиенска хипотеза, која докажува дека присуството на микроорганизми во неонаталниот период, е клучна за оформување на правилен и здрав имунитет.

www.doktori.mk, 07.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости