Доктори.мк | Портокал - крал на овошјата | portokal-kral-na-antioksidansite | Портал за медицина и здравје

Портокал - крал на овошјата

Портокалот содржи најмногу антиоксиданси од сите овошја, го стимулира варењето на храната, го намалува холестеролот и штити од кардиоваскуларни болести - портокалот е вистински крал на овошјата.

Citrus aurantium или портокал е јужно овошје за кое едноставно неможе да се каже лош збор. Луѓето рефлексно знаат дека треба да го употребуваат секогаш кога се болни, но тој е уште по корисен ако се употребува секојдневно. Портокалот не се препорачува за употреба само кај луѓе со гастритис и други проблеми со желудникот бидејќи киселините можат да го надразнат.


 

Интересно е што кај портокалот е корисен и плодот, но и кората, затоа секогаш кога правите сок од портокал никогаш немојте да ја отстранувате кората. Во светот луѓето портокалот го јадат цел со кора, додека во Авганистан на пример, трпеза без портокал е незамислива. Ова само потврдува дека моќта на потокалот ја знаеле луѓето уште од многу одамна. Од витамини портокалот има најмногу витамин Ц, но и Б, А  и Е. Од минерали тој содржи многу калциум, но и магнезиум, калиум и фосфор. Содржи многу олигоелементи и шеќери, што го прави портокалот добар извор на енергија на организамот. Благодарејќи на навистина високото ниво на витамин Ц во портокалот, тој има значителен придонес во намалување на феродефицитарната анемија, подобрување на зараснувањето на раните и елиминирањето на слободните радикали од организамот. Научниците портокалот го препорачуваат како незаменливо овошје кај сите, но особено кај пушачите.


 

Сепак, бидејќи витаминот Ц е термолабилен, портокалот мора да се користи свеж. Секаква термичка обработка на портокалот значи уништување на најголем дел од неговата здравствена корисност. Според истражувањата редовното конзумирање на портокал го намалува ризикот за срцев и мозочен удар за 19 %, ова се должи на неговата моќ за намалување на холестеролот во крвта и подобрување на работата на целиот кардиоваскуларен систем. Тој е еден од најголемите резервоари на антиосиданси од сите други овошја, придонесува во детоксикација на телото и намалување на ризикот од канцерогени промени на ткивата.

Ако се ова го сумираме, ќе можеме слободно да кажеме дека портокалот несомнено е крал на овошјата и неговото нередовно конзумирање е навистина голема штета.

www.doktori.mk, 21.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана