Интересни факти за храната кои не сте ги знеле

Додека сме многу млади, јадеме се што ќе се најде пред нас, едноставно не се замараме дали јадењето е здраво или штетно за нас. Но, како старееме и нашиот организам станува помалку толерантен, ние стануваме посвесни за тоа што јадеме и започнуваме да внимаваме. Хранењето е многу повеќе од само полнење на желудникот...


 

...еве неколку бизарни информации во врска со храната за кои веруваме дека не сте знаеле ...

Топлите пијалоци го ладат организамот

Иако навидум чудно, всушност многу едноставно, кога пиете топло во зима, топлиот напиток ги дразни рецепторите кои испраќаат информација до мозокот дека ви е многу жешко и тој започнува процес на ладење (потењето). Или обратно: доколку е лето пиете ладни пијалоци и мислите дека се разладувате, но всушност рецепторите праќаат информација до мозокот дека ви е ладно и дека ви е потребно загревање, па така организамот се стреми да ја задржи топлината.

Затоа никогаш во лето немојте да пиете многу ладни пијалоци ниту во зима многу топли, бидејќи со тоа не си помагате туку само си наштетувате.

Погледот на живо месо ги смирува мажите

Интересно но вистинито, или барем така велат истражувањата. Имено, во едно истражување биле вклучени две групи на мажи. На едните им биле пуштани слики од месо, додека на други слики со сосема различна тематика. Во позадина актер читал текст, а мажите имале за задача да стиснат соодветно копче секогаш кога актерот ќе згреши. Стискањето на копчето емитирало звук и тоа различен во зависност од енергичноста на стискањето. Веднаш биле забележани разликите во звукот кај луѓето кои гледале месо и кај оние кои гледале други слики. Според експертите гледањето на живо месо од страна на мажот значи дека ловот е завршен и тој се чувствува смирено, и дека е ова праисториски задржан рефлекс кој е всаден во машката генетика.

Некои намирници ве прават тотални агресивци

Некои намирници ве прават тотални агресивци, како што е маргаринот на пример. Неговото конзумирање може да ве направи навистина агресивни и вознемирени. Но, не само тој, туку и некои други производи кои содржат транс-масни киселини, како што се некои грицки, крофни и филови за торта.


 

www.doktori.mk, 08.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости