Доктори.мк | Како да го избегнете ширењето на грипот? | Kako-da-go-izbegnete-sirenjeto-na-gripot | Портал за медицина и здравје

Како да го избегнете ширењето на грипот?

За грипот како доста контагинозно заболување веќе многупати сме пишувале, за симптомите и начинот на лекување, и за тоа што треба и што не треба да правите додека сте настинати или имате грип.  Денеска би сакале да обрнеме внимание како да го избегнете ширењето на грипот, со цел да ги заштитите и поштедите вашите блиски од она што вие веќе го поминувате ...

 

Останете дома

Веднаш штом ги почувствувате симптомите на настинка и грип, не одете во училиште ниту на работа, иако се чувствувате сосема функционално. Направете услуга на колегите и вашите другари, така што ќе си го задржите вирусот само за себе. Освен што ќе ги заштитите колегите, ќе си помогнете себеси бидејќи  во одмор грипиот полесно ќе се излекува.

Покријте ја устата кога кашлате

На овој начин ќе го намалите пренесувањето на грипот на останатите предмети во вашата околина. Рацете секогаш мијте ги за да не го пренесувате грипот при ракување или допирање на предмети во околината.

Миењето на раце во јавен тоалет

Секако дека рацете треба добро да се измијат секогаш кога одите во тоалет, но јавниот тоалет е многу фрекфентно место. Tука поминуваат многу луѓе, и e скоро сигурно дека некој од нив, особено во овој период на годината има грип или некое друго контагинозно заболување. Затоа следете ги следните препораки кога користите јавен тоалет:

  • Секогаш користете топла вода;
  • Користете исклучутелно течен сапун, и тоа во поголема количина;
  • Мијте ги рацете темелно, и внимателно не само прстите туку целата шака до под ракавот;
  • Со помош на хартијата за бришење затворете ја чешмата и отворете ја излезната врата.

Избегнувајте близок контакт

Немојте да имате близок контакт со никого додека сте болни. Избегнувајте да гледате филм со некого или да разговарате во непосредна близина. Тие неколку дена не дозволувајте му на партнерот да има контакт со вас, објаснете му дека не сакате да го заразите. Oва е особено важно за спречување на ширењето на вирусот на грип.

 

www.doktori.mk, 28.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил