Портокал + лимон + цитрон = одлична идеа
Според истражување направено во 2002 година, внесувањето на голема количина на витамин Ц, е одличен начин за намалување на стресот, воедно и многу здрав, бидејќи овие овошја покрај витамин Ц, содржат и многу антиоксиданси кои ќе го штитат целото тело и ќе го подобрат имунитетот.
Лосос, туна и скоро сите други риби имаат голема количина на Омега 3 незаситени масни киселини. Омега 3 од рибата е значаен борец против Кортизолот - познат како стрес-хормон, и не дозволува негово покачување во критични граници.
Иако сите слатки можат да ви го поправат расположението, темната чоколада на најздрав начин може да го направи тоа, бидејќи содржи и многу анти-оксиданси. Таа може да ве опушти, и истовремено да ви ја подобри и вашата концентрација и меморија.
Зелениот и црниот чај се најдобар избор. Делуваат на телото смирувачки и опуштаат. Зелениот чај е богат со многу анти-оксиданти и овозможува добра детоксикација на целото тело.
Магнезиумот кој го содржи лиснатиот зеленчук е мелем за нервниот систем. Затоа препорачуваме редовно конзумирајте лиснат зеленчук, најдобро со секое јадење.
Контактирајте го нашиот тим