Доктори.мк | Како да се подобри плодноста кај мажите? | Kako-da-se-podobri-plodnosta-kaj-mazite | Портал за медицина и здравје

Како да се подобри плодноста кај мажите?

Постојат могу причини кои можат да влијаат на машката плодност. Се повеќе мажи бараат совет како да ја подобрат плодноста. Системот за репродукција и кај мажите и кај жените е навистина сложен па многу неповолности можат да предизвикаат негово неправилно функционирање. Денеска ви нудиме неколку совети како да се подобри машката плодност ...

Не за алкохолот и разните хемиски додатоци

Алкохолот проверено лошо влијае на плодноста и кај мажите и кај жените, но и анаболичките стероиди, опијати, лесни дроги, како што е марихуана, имаат способност да ја намалат машката плодност за 50 %. Затоа идни татковци, особено треба да се внимава да не се конзумира ништо што има ефект сличен на горенаведените производи.

Не на сауната

Сауна и други типови на топли и влажни простории, имаат огромна улога во оштетување на репродуктивниот систем кај мажите и заспорување на правилната спермогенеза. Одвикнете се од ваквите уживања и имајте здрав репродуктивен систем.

Лаптопот подалеку од вашиот скуд

Лаптопот никако немојте да го држите во скуд, ако ова ви премине во навика, би можело да има фрапантни последици по вашето полово здравје. Лаптопот  со работењето загрева, а темперетурата е непријател на тестисите, ја заспорува и оневозможува правилната спермогенеза.

Најдобро е попладне

Според научниците сексот после пладен е најефективен, за партнерите кои работат на потомство. Според истражувањата 17 часот е период кога машкиот репродуктивен систем е најспособен за зачнување.

Тежината под контрола

Телесната тежина е обратно пропорционална со квалитетот на машката семена течност. Доколку сакате да имате здрав репродуктивен систем и правилна спермогенеза, килограмите морате да ги ставите под контрола.

Моќта на физичката активност

Физичката активност оди во прилог на секој орган, а особено на половиот систем. Мажите кои спортуваат или се физички активни на било кој начин имаат за 30 % поголемо лачење на тестостерон и поквалитетна семена течност, што ги прави и многу повеќе плодни од останатите мажи.


 

Тесната долна облека може да биде опасна

Можеби тесната долна облека ви изгледа навидум копактно и убаво, но таа не и оди во прилог на вашата плодност. Долната облека треба да биде по широка, за да спречи притискање на тестисите и зголемување на темперетурата.

www.doktori.mk, 04.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил