Доктори.мк | Зошто постои генерациски јаз меѓу родителите и младите? | generaciski-jaz-pomegu-roditeli-i-deca | Портал за медицина и здравје

Зошто постои генерациски јаз меѓу родителите и младите?

дипломиран психолог, магистрант по развојна психологија

Генерацискиот јаз е главната причина зошто денес родителите и младите се движат подалеку едни од други. Како што сите знаеме, животната средина е изменета, така што и самиот стил на живот и размислување кај децата автоматски е променет. Генерациите денес не сакаат т.н. диктаторски стил од родителите. Иако родеителите се обидуваат да им стават до знаење што е добро, а што лошо за нив, децата се чувстуваат психичи згрозено од најосновна причина што сето тоа сакаат да го искусат самите, а не преку зборовите на своите родители.


 

Се поставува прашањето - што е причината зад сето ова. Дали тоа е грешка на родителите или причината лежи во генерацискиот јаз. Генерацискиот јаз во основа е создаден од страна на самите луѓе. Најчесто родителите не зборуваат со своите деца сами по себе и ретко кога споделуваат мислење со нивните деца, па комуникацијата се сведува на негативна еднонасочност. Денешното време ги доведува родителите да се презафатени со своите обврски и работни места,па за жал да немаат време да се посветат до тој степен до кој е потребно за квалитетна комуникација со своите деца. Тоа е тој дел кој во голема мера влијае врз огромното растојание помеѓу двете генерации. 


 

Доколку пак од друга страна, родителите им даваат на своите деца дел од нивниот зафатен распоред, тогаш не би ни дошло до вакви проблемиили негативна атмосфера во семејството. Денешното време налага пријателско поставување во односот родител-дете, разбирање на потребите на детето,ставање на негово место и прифаќање на неговите потреби за целосна среќа и хармонија како во семејството така и кај самото дете.Од друга страна основата на последните случувања во технологијата го забрзува севкупниот развој на секое поле и за многу кратко време нештата кои  се чинеле невозможни, станале возможни, но по цена на губење на задоволството од личниот контакт генерално како помеѓу луѓето,така и внатре во семејството од  аспект на повеќе време поминување пред компјутер,отколку квалитетен разговор внатре во семејството и подобрување на семејните интерперсоналните врски.За разлика од денешните помлади генерации,оние постарите,живееле во едно т.н побавно време каде основата на живеењето била далеку помалку комплицирана,а и кога човекот е научен на одреден начин на живот ,прилично е тешко да се прилагоди на новите трендови, барања, ставови, мислења и.т.н. со еден збор да создаде целосно нов стил на живот.

Животот и се што носи истиот, се промени и на истиот начин побарувачката и барањата на животот претставуваат промени. Луѓето мора да се прилагодат на овие нешта, без разлика од која генерација доаѓаат како би си го олесниле својот животен тек и подобро би ги разбрале помладите. Се случува родителите да се чувствуваат лошо за навиките, ставовите и однесувањето на нивните деца, но само од причина што тие не ги сфаќаат сегашните барања на нивните деца. Тие одат на давање на примери од минатото и со самото тоа ги иритираат нивните деца при што автоматски доаѓа до конфликт и непожелна атмосфера. Родителите треба да се водат од своите деца и децата од своите родители, но патот на среќата секој сам ќе го одбере, наложената среќа затоа што некој е поискусен или постар и „знае како“ не е вистинската среќа која децата или младите ја посакуваат. Различноста заглавена помеѓу мислењата и ставовите на младите луѓе и нивните родители може да се нарече генерациски јаз. Причината за генерацискиот јаз е различното ниво на приоритети во животот. Родителите зборуваат врз основа на сите оние искуства кои се резултат на настаните и работите со кои се соочувале во нивните животи, додека децата размислуваат според она што се случува сега 20 години нанапред,така што неспоредливи се искуствата и неспоредливо е да се даваат примери тогаш и сега, па последователно на сето ова,во никој случај овој пристап не би довел до позитивна комуникација. 

Кога децата и родителите не се во можност да пронајдат заеднички јазик едни со други може да се појави состојба на разочарување. Како резултат на оваа ситуација, децата избегнуваат да разговараат со своите родители  бидејќи не сметаат  дека нивните родители во секое прашање и во секој нивен животен избор знаат што е најдоброто за нив, некогаш најдоброто за родителите, не е и најдобро за децата. Согледано од целосен аспект без разлика на која генерација некој  припаѓа секогаш мораат да се земат во обзир размислувањата на другите, без разлика дали од насока на помлади кон постари или обратно. И самиот генерациски јаз би бил многу полесен доколку самите луѓе кои се дел од него размислуваат пошироко, доколку се во тек со новото време на живење, со новите барања, новите движења, но притоа истовремено секогаш и секаде моралните вредности да останат исти.Тоа е оној дел кој никогаш не би требало да се смени без разлика од која генерација се доаѓа, се останато е прашање на личен избор на сопствена среќа,живеејќи во едно демократско општество,каде родителите треба да ги почитуваат одлуките на своите деца,да бидат по толерантни и да го издигнат размислувањето на едно повисоко ниво, каде на самата средина би се нашле во позиција на разбирање со сопствените деца.

 

Дознајте повеќе за авторот

 Елена Ангеловска, дипломиран психолог, магистрант по развојна психологија

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-  

www.doktori.mk, 06.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина