Доктори.мк | Едноставен напиток кој ви ја чува младоста | Ednostaven-napitok-koj-ke-ja-zacuva-vasata-mladost | Портал за медицина и здравје

Едноставен напиток кој ви ја чува младоста

Органски приготвените сокови дефинитивно се најдобар избор за пијалок, каде и да се наоѓате. Можете да манипулирате со разни овошни, но и зеленчукови коктели. Сите тие се полни со свежина, витамини, здравје, енергија и живот.

Денес ние ви носиме едноставен рецепт како со едноставен пијалок да си ја надокнадите енергијата, да ја зачувате младоста, без многу да се грижите дека можеби ќе ви донесе некој килограм, бидејќи е навистина најмалку калоричен.

Се што вас ви е потребно се три лесно достапни состојки

  • Краставица
  • Целер
  • Зелен чај (без никакви додатоци)

Краставицата е неизоставен елемент на нискокалоричните коктели кои ветуваат подмладување. Таа е високо хидрирачка, ја чува кожата и мускулното ткиво, го запазува тенот и нуди навистина нежна кожа и млад изглед.

Целерот пак од своја страна пак е моќно оружје против слободните радикали, и голем резервоар на витамини со што и овозможува на кожата адекватна прехрана и енергија и здрав дотур на хранливи материи на сите клетки во организмот.

Целината секако се спојува со добро познатиот зелен чај кој ги врува овие две делотворни компоненти, а самиот е силен извор на антиоксиднти и витмини, како и ретки состојќи против прерано стареење на клетките.

Начин на приготовување:

Потребни состојки:

  • две свежи краставици без кора
  • 4 стебленца целер
  • 2 чашки зелен чај

Подготовка:

Многу едноставно се приготвува, во соковник ставете ги краставиците и целерот, доете малку вода за смесата да не излезе многу густа. Накрајот додадете го и чајот. Добро соединетите компоненти конзумирајте ги што побрзо по подготвувањето.

 

www.doktori.mk, 26.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана