Десет совети како да го подобрите вашиот живот и вашето здравје

студент по медицина

Како најлесно да го подобриме нашето здравје и животот да го направиме поквалитетен? Eве неколку кратки и брзи совети, кои се едноставни за применување, и со сигурност даваат одлични резултати...

Намалување на стресот 

Стресот може да биде и позитивен. Тоа е начин на подготовка на вашето тело за предизвик. Но, секојдневниот стрес може и лошо да влијае врз човековото здравје. Студиите покажуваат дека тој може да го ослабне и имуниот систем. Поради тоа секогаш најдете време за одмор и правете ги работите кои ве прават среќни.

Изградете силни социјални врски

Сите знаеме дека пријателите се важно нешто во нашиот живот. Но не само тоа, тие имаат и големо влијание врз нашето здравје. Се проценува дека луѓето со повеќе пријатели имаат подобро здравје.

Бидете позитивни

Позитивните мисли секогаш влијаат добро. Тие се како лек за вашето тело, вие се чувствувате исполнети и позадоволни од вашиот живот и се што ве опкружува. Студиите покажуваат дека луѓето кои се оптимисти имаат подобро здравје и подобро се носат со секојдневните проблеми.

Смејте се

Доброто смеење е позитивно за секого.  Најдете време да уживате и да се смеете. Велат смеењето е лек за се.

Јадете ги вашите антиоксиданти

Јадејќи овошје и зеленчук внесувате здрава доза на антиоксиданти. Овие супстанци во храната ви помагаат да ги заштитите вашите клетки од слободните радикали и молекули кои можат да влијаат штетно врз здравјето.

Движете се

Еден обичен совет за да го зајакнете својот имун систем е да вежбате. Редовното вежбање го намалува стресот, ја намалува можноста за појава на остеопороза, срцеви заболувања и одредени типови на рак.

Практикувајте јога, возење велосипед, пливање или пешачење.

Здрав сон

Без доволно спиење вашиот имун систем нема да ги има потребните сили да се избори против заболувањата кои го демнат вашиот организам. На секој возрасен човек му се потребни 7-9 часа сон секоја вечер. За да си помогнете себеси да си обезбедите подобар сон потребно е да направите распоред за спиење и да се придржувате до истиот. Избегнувајте кoфеин пред спиење и релаксирајте се пред спиењето.

Намалете го консумирањето алкохол

Пиењето алкохол е дел од нашата култура. Многу луѓе го конзумираат за време на ручек, забави, родендени како начин за социјализација со другите луѓе. Но, претераното конзумирање алкохол може да го намали вашиот имун систем. За да се намали ризикот мажите не би требало да пијат повеќе од две чаши алкохол дневно, а жените една.


 

Заборавете на никотинот

Еве уште една причина да престанете со пушењето: го слабее вашиот имун систем. Иако не сте редовен пушач сепак сте изложени на ризик. Пушењето го зголемува ризикот од срцев удар и астма. Ако ви е потребна помош да се откажете обратете се кај вашиот матичен лекар.

Редовна хигиена на вашите раце

Еден од најлесните начини за заштита на имуниот систем е редовно миење на рацете. На тој начин се заштитувате од преносливите болести, најпрво себе, а потоа сите околу вас.

 

 

дознајте повеќе за Ивана Ковачевска

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 19.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил