Доктори.мк - две години посветен на Вашето здравје

Драги пријатели,

Поминаа две години од почетокот на нaшето индивидуално и колективно созревање зад проектот наречен Доктори.мк. Овие две изминати години се два столба кои втемелија нови стандарди во здравствената едукација во Македонија. 

Доктори.мк започна како авантура, но продолжува како мисија. Мисија која има за цел да допре до секој од вас. Мисија во која нашата најголема награда претставува сознанието дека сме ви дале  барем еден корисен совет или сме влијаеле да создадете барем една здрава навика. 

Не го криеме воодушевувањето што зад мотото "Живеј мудро , живеј здраво" во изминатите 2 години ни се придружија 128 квалитетни професионалци и индивидуи, кои несебично се вложуваат во решавање на проблемот со недоволната здравствена едукација на нашата нација. Сета наша почит оди кон нив - авторите од Тимот на Доктори.мк.  Одново ќе откриеме дека работењето со нив претставува вистинско задоволство. Нивната енергија и ентузијазам,  нивното знаење и искуство ни ги отвораат видиците и не прават сигурни дека ќе успееме на патот кој го одиме.

Заедно со нив -  постоиме пред се за вас - нашите ценети читатели. Нашата сатисфакција е неизмерна кога ги читаме вашите бројни коментари и писма, и кога ги анализираме статистиките кои покажуваат дека сме најпопуларен и најпосетуван портал во својата област. 

 

Остануваме посветени на унапредување на порталот

Во наредните 365 дена остануваме посветени на унапредување на  порталот, па очекувајте изненадувања. Со цел тој да биде што попрактичен и поиновативен, ќе работиме на негово подобрување во сите оние аспекти во кои тоа е возможно. Неопходноста од афирмација на здравствените медиуми во нашата земја е очигледна и затоа ќе продолжиме да поставуваме високи стандарди и да ги задоволуваме истите најдобро што знаеме и умееме.

Драги пријатели, продолжете да ги читате нашите совети, да ги листате презентациите, продолжете да разговарате меѓусебно на најголемиот форум за медицина и здравје - на сите оние теми за кои досега не сте можеле или сте немале доволно храброст.  Продолжете да ги наоѓате своите доктори на Локаторот на доктори и здравствени установи и запомнете: 

- Никогаш не е доцна за позитивна промена, никогаш не е доцна за да започнете да живеете мудро и здраво-

 

 

Ние ветуваме дека ќе продолжиме секојдневно да работиме за вас. Доброто здравје останува наша заедничка желба и цел.

 

Со почит,

д-р Бојан Шешоски

д-р Благоја Стефановски

м-р Виктор Митревски

дипл. инж. Никола Пејоски

 

 

www.doktori.mk, 09.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости