Jапонски печурки - Шитаке, Маитаке и Реиши

доктор на медицина

Tри лековити јапонски печурки - Шитаке, Маитаке и Реиши т.н. медицински печурки веќе илјадници години се користат во традиционалната медицина на азиските народи, изобилуваат со витамини (Ц и Б - Комплекс), протеини и есенцијални аминокиселини, растителни влакна, калциум, железо и други минерали.


 

Шитаке печурките(Lentinula Edodes) природно растат на кората на шумските дрвја во Јапонија, Кореја и други азиски земји, но поради нивната широка медицинска примена комерцијално се одгледуваат во САД и ширум светот. Тие содржат изобилство на протеини, јаглехидрати, растителни влакна и есенцијални витамини и минерали, поради што се препорачуваат како додатен медицински третман на Хепатит Б, стомачен канцер, инфекции со ХИВ, кардиоваскуларни заболувања и сл.


 

Маитаке(Grifola Frondosa) е вид на лековита печурка која расте во северните делови на Јапонија каде со векови е позната како „печурка на виталноста”. Во модерната алтернативна медицина, оваа печурка е позната по своите имуностимулативни, антиканцерогени, антистресогени и антивирални својства, поради што се препорачува за третманот на автоимуни, карциногени, алергиски и системски заболувања.


 

Реиши(Ganoderma Lucidum) е вид на јапонска црвена печурка која е широко позната по лековитите својства- отстранување на хроничниот замор и слабост, несоница, кашлица и сл. Таа содржи неколку важни хемиски состојки во кои спаѓаат: полисахариди, тритерпени, манитол и сл. Оваа печурка е посебно корисна за асматични состојби, хроничен бронхитис и други респираторни заболувања; помага и при состојби на висок крвен притисок, холестерол и триглицериди и сл.

Примена

  • Имаат антиканцерогени способности и се користат во третманот на локализирани и метастазирани тумори;
  •  Го зајакнуваат имунитетот и подобруваат кардиоваскуларното здравје;

  •  Го штитат организмот од вируси, бактерии и габи;

  • Имаат антивоспалителни дејства и се борат против алергиите;

  •  Помагаат во балансирањето на нивото на шеќерот во крвта;

  •  При зголемено ниво на холестерол и триглицериди во крвта;

  •  При асматични состојби, бронхитис,кашлица и други респираторни заболувања;

  •  Помагаат во ревитализација и детоксификација на организмот.

 

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели иќили реемитување

www.doktori.mk, 15.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана