‘Рскавицата од ајкула исклучително поволна за човековото здравје

доктор на медицина

За разлика од другите животни, скелетот на ајкулата скоро целосно е составен од ‘рскавица. ‘Рскавицата од ајкула содржи органски соединенија кои ја надополнуваат човечката рскавица: протеини (албумини), хондроитин сулфат, калциум, фосфор и хијалуронска киселина. Таа содржи и супстанци наречени мукополисахариди кои спаѓаат во групата на карбохидрати и кои демонстрираат антивоспалителни ефекти.

Клиничките и лабораториските истражувања покажуваат дека заради овие својства ‘рскавицата од ајкула ги смирува и намалува болките и отоците при остео-артритичните воспаленија и исто така ја зголемува подвижноста на зглобовите.

Научници од Институтот за Технологија на Масачусетс во една студија објавена во 1983 година покажуваат дека ‘рскавицата од ајкулата го намалува растот на туморозното ткиво бидејки го спречува развојот на крвните садови кои го хранат туморот.Рскавицата од ајкула е многу корисна и за спортистите, особено за бодибилдерите бидејки помага во зајакнувањето на зглобовите кои се оптоваруваат при напорни тренинзи.


 

Примена

  •  Студиите покажуваат дека ‘рскавицата од ајкула може со успех да се применува во превентива на настанувањето на канцер, а во некои случаи и во неговото лекување;

  •  Го зајакнува човековото тело и го потикнува имунитетот;

  •  Долготрајно ја ублажува болката и ја зголемува подвижноста на зглобовите;

  •  Ја храни и одржува ‘рскавицата, го намалува отокот и воспалението на коските и зглобовите и се применува за третман на воспалителните заболувања на зглобовите (ревматски артрити и остеоартрити, метереопатски заболувања);

  •   ‘Рскавицата од ајкула е многу корисна и за спортистите, особено за бодибилдерите бидејки помага во зајакнувањето на зглобовите кои се опроваруваат при напорни тренинзи;

  •   Ја зголемува отпорноста на зглобовите, тетивите, лигаментите и мускулите од повреди;

  •   Ја превенира остеопорозата кај жените во менопауза.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели иќили реемитување

www.doktori.mk, 22.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - фармација