Природна храна за намалување на простатата

советник за здрава исхрана - нутриционист
Клуб за здрав начин на исхрана "New Nutritionism" - Скопје

Иако проблемите со простатата се вообичаени кај постарите мажи, истите може да се развијат на било која возраст. Според националната асоцијација за бубрежни и уролошки заболувања, многу состојби, како што се простатит, рак на простата, бенигна простатична хиперплазија и други инфекции можат да предизвикаат воспаление на простатата. Прилагодете ја вашата исхрана со вклучување на  намирници кои го промовираат и одржуваат вашето репродуктивно здравје.

Омега-3 масни киселини

Омега-3 масни киселини, полинезаситени масти, обично се наоѓаат во рибата, оревите и некои други растенија. Конзумирање на анти-инфламаторна храна, како што е онаа која содржи омега-3 масни киселини може да го намали воспалението во телото, а со тоа и да ја намали воспалената простата. Храна богата со Омега-3 вклучува туна, сардини, камбала, харинга, скуша, езерска пастрмка, бразилски ореви, макадамиа ореви, ленено семе, ленено масло, шафраново масло, бадеми, кикиритки и сончогледово масло.


 

Зеленчук и овошје

Конзумирањето на зеленчук и овошје игра важна улога за здравјето на простата. Богати се со витамини и хранливи материи, кои содржат антиоксиданси како витамин Ц, кој ги подобрува имунолошките функции и го намалува воспалението на простатата. Богато со витамин Ц зеленчук и овошје вклучува портокали, пиперки, брокула, кромид, домати, аспарагус, грејпфрут, грашок, бриселско зелје, диња, зелка и други лиснати зеленчуци со зелена боја. Цедењето овошје и зеленчук е дополнителен начин на снабдување на вашето тело со хранливи материи кои може да го намалат воспалението на простатата.

Цели зрна

Храната која содржи цело зрно изобилува со хранливи состојки кои помагаат за поддршка на телесните функции и одржување на здравјето на простатата. Овие хранливи материи се ниацин, тиамин, фолна киселина, биотин, железо и селен, кои можат да помогнат да се намали зголемената простата. Тие, исто така, содржат и растителни влакна и малку маснотии, кои ја регулираат столицата и го намалуваат запекот и  одржуваат рамнотежа на шеќерот во крвта. Сите овие споменати работи се од корист за здравјето на простатата. Идеалени примери за конзумирање на цели  зрна се испукана пченка, цел 'рж, просо, леб од цели жито зрна, ориз, див ориз, леќа, булгур и овес.


 

Течности

Пиењето течности, како вода, имаат позитивен ефект на здравјето на простата. Водата ги подобрува хемиските реакции, ја регулира температурата и крвниот волумен и го транспортира отпадот и хранливите материи. Ова може да го одржува здравјето на простатата  со испирање на токсини кои можат да бидат штетни за жлездата. За состојби како што простатит, што предизвикува зголемена простата, се препорачува да се консумираат 10 чаши или повеќе вода дневно. Дополнителни извори на течности вклучуваат овошни сокови, зеленчукови сокови и билни чаеви.


 

      Дознајте повеќе за авторот Билјана Ристеска

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 05.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана