Доктори.мк | Неколку причини зошто постојано ви е ладно | zosto-postojano-vi-e-ladno | Портал за медицина и здравје

Неколку причини зошто постојано ви е ладно

Дали постојано чувствувате студ? Дали често луѓето околу вас ве гледаат збунувачки кога ќе споменете дека ви е ладно? Проверете можеби имате некое пореметување на метаболизмот кое допринесува постојано да чувстувате ладно.

Некои луѓе едноставно уште од мали се навикнати на повисоки температури, па поради тоа тие чувствуваат студ и при најмали падови на темературата на воздухот. Сепак кај некои луѓе виновници можат да бидат повеќе состојби на организмот, а ако и вие се препознавате во оваа група на луѓе или познавате некој таков, прочитајте ги следните причини и проверете дали можеби некоја од следниве пореметувања е причина за вашата состојба.

 

Хипотироидизамот како главна причина

Една од најчестите причини поради која некои луѓе чувствуваат повеќе студ од другите е намалената активност на тироидната жлезда. Тироидната жлезда го контролира интензитетот на метаболизмот, па доколку таа работи со намален капацитет тогаш овие луѓе ќе чувствуваат повеќе студ од вообичаеното. Работата на штитната жлезда можете да ја проверите со испитување на нејзините хормони во крвта. 

 

Малата телесна тежина како важна причина

Доколку имате премногу мала телесна тежина, тогаш организамот тешко ја одржува топлината и ја губи во поголеми количини од нормалното.Затоа луѓето кои имаат премногу мала телесна тежина чувствуваат повеќе ладно од нормалното. Сепак ова се однесува за луѓето кои имаат БМИ под 18, и припаѓаат на категоријата анорексично слаби луѓе.

 

Лоша циркулација

Доколку имате нарушена циркулација или  Рејно синдром, тогаш ќе чувствувате ладно, дури и кога на другите им е жешко. Причината за ова е слабиот проток на крвта низ крвните садови, особено на екстремитетите и прстите, при што тие често стануваат синкасти, трнат и болат. Точната причина зошто се случува ова не е позната т.е. често зависи од многу причини. Сепак постојат бројни суплементи и лекови кои можат да се употребуваат и со нив ефикасно да се решава проблемот со циркулацијата.

 

Феродефицитарна анемија

Недостатокот на железо може да биде главна причина за постојано чувствување на студ. Ова се случува поради недоволната сатурација на ткивата со кислород. Поради ова клетките не создаваат доволно енергија, па вие чувствувате постојан студ. Железото се открива со обична крвна анализа, доколку е под нормалното потребно е да земете одредена терапија и да примените соодветен режим на исхрана по препорака на вашиот матичен лекар.

 

Ненаспаност

Доколку спиете помалку од 6 часа дневно, нервниот систем може да не успее во правилната регулација на темперетурата на телото, па поради тоа често да чувствувате студ. Затоа редовно резервирајте си себеси време за одмор.

Зима е, па немојте да се возбудувате веднаш доколку често ви е ладно. Дали имате проблеми со нешто од горе наведеното најдобро ќе откриете ако направите крвна слика. Сепак, на крај бидете сигурни дека вашето чувство на студ потекнува единствено од ладното време надвор. ;-)

www.doktori.mk, 05.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина