Магични купки, за сечиј вкус и неодолива релаксација

Стресното време во кое живееме ве прави безволни, се чувствувате како да сте роботи кои секојдневно ја повторуваат истата работа до недоглед. Тоа влијае на вашата психа, ве прави нервозни, хистерични и лесно раздразливи. Веруваме дека на секој од вас ова чувство му е совршено познато. Но, дали можеби една топла купка со рецепт во ваш стил би можела да промени многу работи? 

Веруваме дека предлогот за топла купка не ви е непознат. Многумина го практикуваат, а многумина се плашат поради ефектот на кожата, проблемите со притисокот или некои други здравствени причини кои ги сметаат за  доволна причина за да се одкажат од ова задоволство.  Ние денеска нема да ви делиме совети зошто е здрава топлата купка, а зошто не, бидејќи сметаме дека секоја купка е здрава, доколку е направена по правилен рецепт и прилагодена на оној кој ја користи. Прочитајте ја нашата денешна статија и проценете која купка е идеална за вас, и нормално, започнете да ја практикувате.

Припремете го телото

Пред да започнеме да ви ги презентираме нашите рецепти за совршена купка, само ќе ве потсетиме дека за навистина да уживате и да имате ефект од купката е потребно да се истуширате и да направите пилинг на телото. Препарат за пилинг можете да најдете во било кое продажно место каде што се продава козметика и козметички средства. Вака припремено телото е спремно за неодолива релаксација.


 

Совршена купка за масна кожа

Најпрво направете смеса ставајќи по 2-3 лажици сода бикарбона и  морска сол во еден сад, сразмерно. Потоа направете чај од нане и рузмарин и помешајте ги заедно. Влезете во када, предходно истуширани, со влажна кожа. Ставете една ракавица која предходно ќе ја натопите во смесата од двата чаја. Потоа со ракавицата земајте од смесата на сода и морска сол и така измасирајте ги добро деловите од телото. Потоа оставете го телото така, а кадата надолнете ја со млака вода. Останете да уживате околу половина час, потоа само пребришете го телото со сува крпа и намачкајте лосион за масна кожа.

 

Лута купка- идеална доколку патите од слаба циркулација

Оваа купка има ефективно тераписко значење, но може и да предизвика иритации на кожата доколку неправилно ја подготвите. Лутото ја зголемува циркулацијата, ја подобрува оксигенацијата на периферните ткива, ги јакне крвните садови, па така се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со циркулацијата, односно на нашки кажано "зимoрливи" луѓе. Во нормално наполнета када ставете 2-3 големи лажици мелен лут пипер, но претходно внимавајте температурата на водата во кадата не смее да надмине 28 С. Заштитете ги очите и влезете во кадата. Правете енергични масажи на целото тело, најмногу 6-7 минути. Потоа станете од кадата и веднаш истуширајте се со тоа што добро ќе ја истриете кожата. Внимавајте: Купката не треба да ја правите доколку имате рани или било какви оштетувања на кожата бидејќи можете да предизвикате иритации.

Купка за смирување

Доколку имате проблеми со спиењето, постојано сте под стрес или сте многу нервозни, купката на база на лаванда навистина ќе ве смири и ќе ви овозможи идеален сон. Оваа купка се препорачува навечер пред спиење. Неколку лажици лаванда или 20 капки есенцијално масло од лаванда ставете во наполнета када со топла вода. Потоа земете една памучна крпа натопете ја во водата и исцедете ја. Влезете во купката и додека уживате масирајте ги вратот и рамената со крпата. Ќе забележите навистина големо уживање, одмор и свежина).

Купка за спортисти

Во сад ставете 1 литар вода. Изрендајте кора од два лимона, а потоа ставете неколку лажици босилек. Потоа ставете ја смесата на оган се додека не зоврие, одкако ќе започне да врие тргнете ја покријте ја неколку минути со капак, а потоа можете да ја додадете течноста во кадата полна со топла вода. Ова е навистина моќна купка и е одличен избор за сите спортисти.

 


 

 

Има уште навистина многу купки, но ние сметаме дека секој од нас може да се одлучи за некоја од оние кои ги наброивме. Уживајте и не заборавајте смислата на животот не е само во изврушување на работните обврски, дозволете си малку време себе си, и запомнете дека купката може да биде многу по релаксирачка доколку во неа го вклучите и партнерот.

www.doktori.mk, 08.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил