Доктори.мк | Светски ден на ракот 2013 | svetski-den-na-rakot | Портал за медицина и здравје

Светски ден на ракот 2013

доктор на медицина

Светскиот ден на ракот се одбележува на 4ти февруари, со цел да се подигне свеста за глобалното влијание на ракот и да се зголеми разбирањето за негово спречување, откривање, лекување и нега. Предводен од страна на Меѓународната унија против ракот (UICC) - глобален конзорциум на повеќе од 280 организации за борба против ракот во над 90 земји .

Светскиот ден на ракот 2007 е првото вистинско глобално признавање на овој ден на свеста преку лансирањето на Светската кампања за ракот наречена "Денешни деца, утрешен свет." ("Today's Children, Tomorrow's World"). Петгодишната иницијатива промовираше  навики кои родителите можат да ги споделат со децата за да се спречи појава на рак подоцна во животот. Впечатлива е статистиката: 43% од ракот можат да се спречат преку овие здрави навики: 

  • Обезбедување на животна средина за децата без присуство на пушење

  • Бидете физички активни, јадете балансирана, здрава храна, а избегнувајте ја дебелината 

  • Дознајте повеќе за вакцините за вирусите поврзани со цервикални карциноми и карциноми на црниот дроб 

Ракот е водечка причина за смрт во светот. СЗО проценува дека 84 милиони луѓе ќе умрат од рак во периодот меѓу 2005 и 2015 година, без интервенции. Речиси 70 проценти од сите нови случаи се очекува да се појават во земјите со низок и среден приход, каде што ресурсите достапни за превенција, дијагноза и третман на рак често се ограничени или непостоечки. 

Главните видови на рак, што ја сочинуваат севкупната смртност од оваа болест се: 

  • рак на белите дробови (1,3 милиони смртни случаи годишно); 

  • рак на желудник (скоро 1 милион смртни случаи годишно); 

  • рак на црниот дроб (662 000 смртни случаи годишно); 

  • рак на дебелото црево (655 000 смртни случаи годишно)  

  • рак на дојка (502 000 смртни случаи годишно). 

Што прават луѓето? 

Луѓе, компании, владини и невладини организации работат заедно на Светскиот ден на ракот за да и се помогне на јавноста да дознае повеќе за различните видови на рак, како да  се препознае, третмани и превентивни мерки. Разните активности и настани вклучуваат: 

  • телевизија, радио, интернет и огласи во весници и написи кои се фокусираат на борбата против ракот 

  • национлни кампањи насочени кон родителите за да им се помогне да се минимизира ризикот од рак во рамките на нивните семејства 

  • закуски, коктели и вечери со цел подигање на фондови за истражување на ракот или проекти кои помагаат во борбата против ракот. Многу од овие настани вклучуваат говорници или видео презентации

  • информации од јавен карактер кои вклучуваат информативни сетови, информативни листови, летоци, постери и други елементи, кои промовираат свесност за ракот, превенција, намалување на ризикот и третман
     

Некои земји ги користат Светскиот ден на ракот за да се промовираат кампањи за различни видови на рак, како на пример рак на дојка, рак на белите дробови, рак на кожата и ракот кај децата. Поголемиот дел од фокусот оди кон подигање на свеста и намалување на ризикот. Светската здравствена организација (СЗО), која е надлежен орган на Обединетите нации (ОН) за насочување и координирање на здравјето, на овој ден работи со организации како Меѓународната унија против ракот (UICC) за да се промовираат начините за олеснување на глобалниот товар од ракот. Континуираните теми во текот на годините се фокусираат на спречување на ракот и подигање на квалитетот на животот на пациентите со рак. САД е лидер во глобалниот напор во борбата против ракот. Стејт Департментот на САД има неколку меѓународни проекти во тек што се фокусирани на превенција на одредени видови на рак, особено на дојка и други типови на рак кај жените. Националниот институт за канцер и Центрите за контрола на болести и превенција се две агенции на американското Министерство за здравство и хумани услуги (департманот) кои се активно вклучени во голем број на кооперативни истражувања на ракот, обука, епидемиолошки и клинички програми во земјите низ целиот свет. 

 

Позадина

Ракот е водечка причина за смрт во светот, според податоците на СЗО, која проценува дека 84 милиони луѓе ќе умрат од рак во периодот меѓу 2005 и 2015 година, без интервенции. Земјите со ниски и средни приходи се потешко погодени од рак одколку високоразвиените земји. Од суштинско значење е решавањето на светскиот товар кој го носи ракот како болест и подобрување на ефективните мерки за негова контрола. Светот ден на ракот е дел од Светската кампања за рак, кој одговара на Париската Повелба усвоена на Светскиот самит против ракот за новиот милениум на 4 февруари 2000 година. Тој повикува на силен сојуз помеѓу истражувачите, здравствените работници, пациентите, владите, стопанствениците и медиумите во борбата против ракот. Париската Повелба го назначи 4 февруари секоја година како Меѓународен ден на ракот. UICC е одговорен за координирање на Светскиот ден на ракот на глобално ниво. Таа добива поддршка од разни партнери и организации, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, Меѓународната агенција за атомска енергија, како и други меѓународни тела. UICC го организираше првиот Светски ден на ракот во 2006 година. 

Симболи

Постојат различни симболи, кои се користат за да се помогне во промоцијата на борбата против различните видови на рак. На пример, розова панделка е светски симбол на свеста за ракот на дојката, додека портокалова панделка е поврзана со свеста за ракот кај децата. Друг пример е жолтата, која Американското здружение за рак ја гледа како симбол на надежта која луѓето ја делат за иднината каде ракот повеќе не е опасна по животот болест. 

Светскиот ден на ракот се фокусира на спречување на ракот, како и борба против мисконцепциите кои се поврзани со неговата појава и третман

Собрани заедно, различни видови на рак се сметаат дека причинуваат една осмина од сите смртни случаи во светот. Тоа е повеќе од маларија, СИДА и туберкулоза собрани заедно, според податоците на Меѓународната унија против ракот (UICC). Денес на Светскиот ден на ракот, UICC започна нова кампања, "И ракот може да се спречи", за да се потенцира фактот дека значаен дел од случаите на рак во иднина би можеле да бидат спречени ако луѓето превземат едноставни чекори за промена на нивниот начин на живот:

  • пушењето е причина за рак која најмногу може да се спречи

  • алкохолот, неговото конзумирање,  исто така може да се спречи

  • телесната тежина и дебелината - еден од најдобрите начини да се намали ризикот од рак, по откажувањето од пушењето, е да се задржи здравата телесна тежина 

  • физичката неактивност - да се биде неактивен го зголемува ризикот од голем број на случаи на рак 

  • исхраната - од сите нешта во нашиот начин на живот, кои се поврзани со ракот, нашата исхрана е можеби најмногу зборуваното. Балансирана исхрана богата со растителни влакна, овошје и зеленчук и ниско ниво на црвено и обработено месо, заситени масти и сол можат да го намалат ризикот од рак - но не постои такво нешто како "суперхрана"

  • УВ зрачењето од сонцето и солариумите - иако ни е потребна мала количина на УВ за да создадеме витамин Д, прекумерни количини може да предизвикаат рак на кожата 

  • инфекциите - иако луѓето не можат да добијат рак едни од други, некои видови на рак се предизвикани од инфекции со вирусите и бактериите. Ракови поврзани со инфекција се значаен проблем во земјите во развој, но секоја индивидуа може да превземе чекори за да се намали ризикот од овие болести. Со безбеден секс може да се спречи преносот на хепатитис Б и Ц, кои предизвикуваат рак на црниот дроб; и ХПВ, кој предизвикува неколку видови на рак, вклучувајќи ги речиси сите случаи на рак на матката. 

Ова се работи врз кои можете да влијаете во ваша корист, но, како и со други нешта во животот, не постојат гаранции и нашите гени играат важна улога исто така. Но, со помагање во ширење на свеста за она што сите можеме да го направиме за да се спречи ракот може да се доведе до тоа да помалку луѓе добиваат рак во иднина. 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 
www.doktori.mk, 04.02.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости