Доктори.мк | Компот – идеална замена за чај | kompot-idealna-zamena-za-caj | Портал за медицина и здравје

Компот – идеална замена за чај

доктор по стоматологија

Компотот претставува традиционален источно-европски безалкохолен чист џус, приготвен од овошје ставено во голема количина на вода.

 

Компотот во Европа почнал да се приготвува како навика на луѓето уште во 15 век. Тој, исто така, е дел од кулинарската култура на државите во Централна и Источна Европа. Компотот е еден начин на приготвување на овошјето за зимската сезона, со што за некои видови овошје се смета дека делуваат многу свежо.

 

Може да биде приготвен на различни начини. Понекогаш се прават и експерименти кога е во прашање видот на овошјето, со што може да се комбинираат различни видови овошје. Во зависност од вашиот вкус може да се направи компот од свежо, смрзнато или суво овошје (во текот на зимската сезона) и истиот да се заслади по желба. Овошјето при приготвување на компотот не ги губи своите хранливи материи и вкусот.

 

Во студените зимски денови идеална замена за чајот е компотот. Уживајте во прекрасниот вкус и топлината која од шолјата со компот се пренесува во вашето тело.

На здравје! :)

 

дознајте повеќе за авторот

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

 

www.doktori.mk, 29.01.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана