Наследно губење на коса кај жени

Иако се смета дека опаѓањето на косата најчесто е проблем кај мажите, се покажа дека тој податок не е точен и на големо разочарување веќе и кај жените опаѓањето на косата е зачестено.
 
40% од жените имаат видливо проретчување на косата до 40-тата година, според Американската Академија за Дерматологија. Губењето на косата кај жените е вознемирувачко и деструктивно за емоционалното здравје и за самодовербата.

За жал, општеството ги принуди жените да страдаат во тишина!

Генерално е прифатено дека мажите поминуваат низ тој процес на ќелавење.

За уште поголемо жалење е што и медицинската заедница обрнува малку внимание на проблемот со губење на косата кај жени. Поради тоа што губењето на косата не е состојба загрозувачка по живот, докторите често ги занемаруваат поплаките на жените за интензивно опаѓањето на косата и во основа им објаснуваат дека * не е страшен проблем* или дека * ќе треба да се навикнат да живеат со тоа*.

Секако овие доктори не земаат во предвид дека психолошката штета предизвикана од губењето на косата и чувството на изгубена привлечност е деструктивно и фрустрирачко како и било која сериозна болест, и дека всушност може да биде емоционална основа која директно може да го афектира физичкото здравје.

Американската Асоцијација за проблеми со губење на коса ( American Hair Loss Association) препознава дека опаѓањето на косата кај жени е сериозна состојба која им го менува животот на жените и не смее да се игнорира повеќе.

Андрогената алопеција, нарекувана машка или женска наследна ќелавост до последните неколку декади беше само делумно проучена и разбрана. Многу долго научниците веруваа дека причината за опаѓањето на косата е предоминацијата на машкиот полов хормон, тестостерон, кој и жените нормално го имаат во минимални количини. Но, додека трстостеронот е јадрото на процесот на ќелавење, дихидротестостеронот сега се смета за главниот виновник.

ДХТ (дихидротестостернонот) се создава од тестостеронот со помош на ензимот 5-алфа редуктаза. Научниците сметаат дека нивото на ДХТ кој се врзува на рецепторите на фоликулите на влакното на скалпот е пресудно за опаѓање на косата. ДХТ ги минијатуризира фоликулите на влакното и оневозможува формирање на здраво и квалитетно влакно. Косата ослабнува и со текот на времето трајно се губи.

Овој хормонален процес на конверзија на тестостеронот во ДХТ, кој ги оштетува фоликулите на влакното, се случува и кај мажите и кај жените.

Во нормална состојба, жените имаат само мал фргамент од нивото на тестостерон кој го имаат мажите. Но и ниски нивоа на ДХТ може да го предизвика опаѓањето на косата кај жени. Тука во игра влегува генетската предизпозиција која се манифестира преку осетливоста на фоликулите на валкнтото на ДХТ поточно на бројот на рецептори за ДХТ. Гените се пресудни во најголем број случаи за појава на ќелавење кај жени.

Исто така нормални нивоа на ДХТ можат да предизвикаат опаѓање и кога имате тип на хемија на телото која е преосетлива и на нормални нивоа на супстанци, вклучително и хормони.

Секако кога нивоата на тестостерон ќе се покачат ДХТ се покачува и е уште поголем проблем. ДХТ нивоата можат да бидат покачени но да бидат и во рамките на она што докторите го сметаа за нормални гранци на тестовите, но и тие нивоа можат да бидат доволно високи за да предизвикаат проблем со опаѓање на косата кај жени.

Многу битно е да се нагласи дека хормоните функционираат најдобро кога се во деликатен баланс, па машките хормони и не мора да бидат покачени за да предизвикаат проблем кај жените. Нивните спротивни хормони, женските хормони, може да бидат снижени и тогаш доминантно дејство имаат машките хормони меѓу кои и ДХТ. Таков дисбаланс исто така предизвикува проблеми а еден од нив и губење на косата.

Полицистични јајници, одредени контрацептиви, бременост и менопауза може да бидат причина да почне проблемот со косата.

Опаѓањето на косата може да биде предизвикано и од дисбаланс на тироидни хормони, бременост, заболувања, одредени лекарства кои може да влијаат на фазите на раст и опаѓање на влакното.

Всушност и не се јавува секогаш интензивно опаѓање на косата туку дуфизно слабеење на косата на целата глава изразено во одредени зони повеќе.

Хормоните се циклични. Нивоата на женските хормони се намалуваат како што се ближи менопаузата и после неа. Цикличната природа на нашата коса и хормоните е една од причините поради која опаѓањето на косата може да се зголеми за кратко време дури и кога имате долгорочно намалување на губењето на косата ( и долгорочно зголемување на растот на косата) додека сте на третман кој го контролира опаѓањето на косата.

Всушност и не се јавува секогаш интензивно опаѓање на косата туку дуфизно слабеење на косата на целата глава изразено во одредени зони повеќе.

Разбирањето на причините кои доведуваат до опаѓање на косата кај жени е предуслов за успешно планирање на третамнот и ефикасно постигнување на резултати.

Третамните за стопирање на губењето на косата во центарот за проблеми и нега на коса 101 ХЕАР КЕАР се насочени кон блокада на дејството на *виновникот* за опаѓањето, ДХТ. Производи со хербални екстракти кои имаат регулаторно дејство на ДХТ се неопходни. Понекогаш се потребни фитоестрогени кои ќе ја помогнат активноста на женските хормони кои се природна заштита на косата. На тој начин суптилно се помага во нормализирање на деликатните нивоа на хормони на ниво на скалпот, без никакви системски нус појави. Топичен третман, само на кожата на главата е секогаш подобар и посигурен избор кај жени. Правилниот избор на производи е основа за да се продолжи со планирање на биостимулацијата за повторен раст на косата.

Колку порано се почнува со третман толку се подобри резултатите. Долгогодишното траење на проблемот со косата доведува до трајно уништување на корените и неможност за повторен раст на косата.

Навремено почнување со биостимулативни третмани овозможува оптимален раст и максимални ефекти за згуснување на косата.

комерцијален текст

www.doktori.mk, 23.01.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил