Тангото како терапија против депресија и осаменост

Тангото е повеќе од само обична игра.

За тангото како игра сите знаеме, велат, нема луѓе што не го сакаат тангото, има само луѓе кои знаат и кои не знаат да играат танго. Според инструкторите секој може да научи да игра танго, но има луѓе кои имаат вродент талент и вештина. Како и да е, психијатрите во Аргентина успеале да го применат тангото и во здравствени цели.

Во Аргентина тангото активно почнува да се користи како терапија кај депресивно болните пациенти, но и кај оние кои се чувствуваат осамено. 

Начинот на кој го држите танго партерот блиску до вас создава еден вид на љубов и блискост, ве прави среќни и опуштени - вели инструкторката Силвана Перл, која е вработена како танго инструктор во психијатриската болница во Буенос Аирес. Во тек на играњето на тангото, партнерите мораат да сметаат еден на друг, тие мораат да се потпираат еден на друг, а интимната блискост која ја налага самата игра прави пациентот да се чувствува навистина добро и исполнето.


Инструкторите велат дека тангото сепак не е лек со кој можат да се отстранат сите симптоми на болеста, но после само еден час вежбање пациентите чувствувале навистина големо подобрување, биле многу повесели, поведри и поамбициозни во третирањето на нивната состојба. Тангото е навистина волшебна музика и игра, велат познавачите. Психички болните лица скоро никогаш не добиваат напади додека го слушаат, старите луѓе се чувствуваат весело и расположено - тангото е лек за сечија душа.

Се надеваме дека терапијата со играње на танго наскоро ќе стане практика и во другите европски земји, па и во Македонија.

www.doktori.mk, 27.01.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости