Дали вирусот на САРС повторно се буди?

студент по медицина

Светот за прв пат се соочи со САРС-от како заболување во 2003г., кога беа регистрирани првите случаи на ова заболување, а набрзо беше прогласена и епидемија која за среќа брзо стивна. Она што би требало да не загрижи и во моментов е актуелно, е откритието на нов вирус од групата на коронавируси кој исто така може да предизвика САРС.

Светот за прв пат се соочи со САРС-от како заболување во 2003г., кога беа регистрирани првите случаи на ова заболување, а набрзо беше прогласена и епидемија која за среќа брзо стивна. Називот SARS претставува кратенка која всушност означува Severe acute respirаtory ѕyndromе, односно тежок акутен респираторен синдром.

Ова заболување е предизвикано од вирус кој припаѓа на групата на Коронавируси кои инаку вообичаено живеат кај различни животни од кои може да се пренесат на луѓето. Кога еднаш човекот ќе заболи тој може да го пренесува заболувањето на други луѓе преку секретите од респираторниот систем и блискиот непосреден контакт со болниот.

Во 2003-тата вирусот зеде неколку стотини жртви и набрзо потоа епидемијата стивна, но она што загрижува се најновите откритија на нов тип на коронавирус за кој е утврдено дека исто така предизвикува САРС. За прв пат САРС-от беше регистриран во Кина. Оттогаш набрзо беа пријавени многу нови случаи, особено на блискиот исток при што како главен фактор кој беше посочен за раширувањето на вирусот беа авионските линии и аеро сообраќајот.

Што е SARS и како се манифестира ?

Тешкиот акутен респираторен синдром претставува можеби најтешката форма на респираторна инфекција од која некој човек може да зaболи. Вирусот вообичаено навлегува преку респираторниот систем откако до долните партии на респираторниот систем доспева со воздухот. Кога еднаш вирусот ќе навлезе во организмот на човекот тогаш иднината на пациентот со сигурност ќе стане апсолутно неизвесна. Инкубацијата трае околу 2 недели по што симптомите започнуваат абруптно, наеднаш, изненадувачки и со многу силен интензитет при што речиси секој пациент за само неколку часови или денови ќе стане кандидат за асистирана вентилација бидејќи откако ќе започне да се манифестира САРС-от дишењето ќе стане се потешко и конечно во еден момент невозможно.

Инфекцијата се манифестира со изразени главоболки, болки во мускулите и зглобовите, општа слабост, малаксаност, губење на апетитот, вртоглавици и отежнато и забрзано дишење со силно покачена телесна температура и сува кашлица. Она што остава наjголем впечаток е тешкото и речиси невозможно дишење, при што секој здив е се пократок и се помалку воздух доспева до белите дробови што претставува основен стимул за да се активира и помошната дишна мускулатура, а бројот на респирациите станува се поголем. Всушност дишењето е плитко и чујно, пациентот се чувствува немоќно додека во неговата крв расте концентрацијата на јаглеродниот диоксид, а паѓа концентрацијата на кислородот што конечно резултира со помодрување односно со појава на цијаноза. Кога еднаш цијанозата ќе се појави прашање е само на време кога пациентот ќе стане неспособен самостојно да дише па затоа ваквите болни секогаш имаат потреба од хоспитализација во оддел за интензивно лекување каде што потпомогнатата вентилација со соодветна апаратура ќе биде единственото решение пациентот да се одржува во живот. Тераписките можности се ограничени бидејќи сеуште не постои специфичен лек против вирусот.

Она што би требало да не загрижи и во моментов е актуелно, е откритието на нов вирус од групата на коронавируси кој исто така може да предизвика САРС. Во 2003 беше дефинирана прво болеста, а дури потоа беше откриен и причинителот. Во наредните години следеа откритијата на уште три типа на вируси кои го предизвикуваат ова заболување додека пак петтиот тип е откриен изминатавa година и првиот случај е регистриран во Саудиска Арабија. Откритието на вирусот и приказот на случајот се објавени во New England Journal of Medicine на 8ми Ноември годинава. Веднаш потоа следат нови 3 случаи од кои еден е во Саудиска Арабија. 

 

Во ваков момент навистина може да се запрашаме дали вирусот започнува да се буди, како воопшто дошол до луѓето и дали во иднина треба да очекуваме нова епидемија? 

Кога еднаш САРС-от ќе се дијагностицира терапискиот пристап е многу тесен, а иднината на пациентот релативно неизвесна.Пациентите секогаш завшуваат со рспираторна инсуфициенција (слабост) при што размената на госповите на ниво на белодробните алвеоли е практички невозможна, а организмот гладен за кислород кој се повеќе ќе недостасува. Ова со сигурност води кон нарушена функција на нервниот систем бидејќи тој не може да функционира без оптимално количество на кислород што ги активира сите одбрамбени механизми на организмот со кои се обидува да го надополни тој кислороден недостаток, но обидите на крајот најчесто остануваат залудни. Пациентите речиси секогаш бараат потреба од интензивно лекување и потпомогната вентилација која единствено може да ги одржи во живот, во спротивно пациентите се борат до последен здив се додека секое наредно вдишување стане се пократко и конечно престане засекогаш.
 

Искуството не научи - потребна е глобална готовност за справување со вирусот 

Доколку навистина сакаме достојно да се спротивставиме на вирусот мора да бидеме свесни за сите начини на пренос на вирусот и сите епидемиолошки карактеристики на вирусот, па не би смееле да се направат истите грешки како и во 2003. Болеста мора да биде дијагностицирана веднаш, вирусот соодветно изолиран и навремено да се прогласи епидемија, а пациентите адекватно изолирани и карантинизирани во единици за интензивно лекување. Клучот во спречувањето на ширењето на инфекцијата е навременото препознавање и соодветно изолирање на пациентите. Од друга страна медицинскиот персонал бидејќи е во непосреден контакт со пациентот има висок ризик да заболи од САРС затоа императив при работата со заболените е почитување на сите принципи на асепса. Епидемијата на САРС го обедини светот и одеднаш земјината топка стана едно мало место каде инфектот брзо и лесно се шири. Зафатени беа околу 30 земји, а починаа околу 800 луѓе. Болниците беа преполни, народот во огромна паника, а светот се соочуваше со непознатото.

дознајте повеќе за авторот Филип Наумовски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 18.01.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина