Фронтално опаѓање на косата кај мажи - залистоци

Фронталното губење на косата или како што уште е познато модел на опаѓање на коса кај млади мажи се препознава преку ослабнување и истенчување на косата во фронталниот дел на главата или едноставно речено преку зголемување на челната линија на косата - залистоци. Тоа е всушност еден од физичките докази за стареење кај поголемиот дел од мажите. Тоа навистина е еден од најгрубите форми на опаѓање на косата која задолжително мора да се третира. 

Што се случува доколку лицата кои се соочуваат со фронтално губење на косата се наоѓаат во порана фаза од животот, 20-тите, 30-тите години, како и 40-тите години? Мажите во оваа возрасна група се уште сакаат да имаат самодоверба во нивниот изглед кон спротивниот пол.

Губењето на косата во предниот дел на главата кај помладите мажи е предизвикано главно од еден фактор. Генерално, тоа може да биде резултат на машкиот хормон познат како дихидротестостерон или ДХТ. Дихидротестостеронот цели на фоликулите на косата и го блокира доставувањето на хранливи состојки, нутритиенти и кислород во коренот на влакното. На тој начин фоликулот односно коренот на влакното добива се помалку витамини, минерали, аминокиселини, кислород и други потребни хранливи состојки за да може нормално да функционира и да продуцира здраво влакно. Како резултат на намалената прихранетост на коренот на влакното, фоликулот ја намалува својата активност и самото влакно почнува да се истенчува и слабее се додека целосно не прекине функцијата на фоликулот односно се додека истиот не атрофира. Атрофираниот фоликул повеќе не продуцира влакно, и досега не е пронајден метод во медицината со кој атрофираниот фоликул би можел повторно да биде реактивиран за да произведува здраво и нормлано влакно. Затоа, штом ќе забележите опаѓање на косата во фронталниот дел треба да делувате веднаш за да се стопира процесот и бидејки фоликулите се со намалена активност но сеуште живи да се врати нивната активна функција на оптимално нормално ниво.

Фронталното губење на косата – залистоците е природна ствар. Всушност, тоа не е никаков симптом дека имате било какви здравствени проблеми. Сепак, за многумина од нас, особено кај помладите мажи, тоа може да биде многу трауматично. Фронталното губење на косата е само почеток, кој веднаш мора да се стопира, зошто инаку самиот процес е долгорочен и ке продолжи со понатамошно губење на косата која не ќе биде во можност никогаш повеке да се врати. 

Подолу се наведени неколку клинички докажани методи како единствени најефикасни инструменти во запирањето на фронталното губење на косата - залистоците:

  • Ласерски чешел за коса - ова е чешел за коса кој ослободува ниско ниво на ласерски зраци во скалпот и непречено стимулира повторен раст на коса. На тој начин и визуелно го подобрува изгледот на косата во делот каде била ослабена. Многу е важно да имате чешел со вистински ласерски диоди. Ласерските диоди емитуваат ласерска светлина на одредена бранова должина која влијае врз клетките на фоликулот. Преку нивно енергетизирање, фоликулот повторно ја враќа својата претходно намалена функција во нормала. На тој начин продуцира здраво и квалитетно влакно. Hair Laser Professional ласерскиот чешел кој можете да го најдете во 101 HAIR CARE Центарот за проблеми со коса и нега на коса претставува клинички докажан производ за раст на коса. Станува збор за сертифицирани 16 вистински диоди а не Лед диоди. Ова е еден од најмоќните ласерски чешели кои моментално се продаваат во Европа, и истиот е одобрен како клинички докажана технологија од страна на Американското биро за лекови (Food and Drug Administration-FDA). Овој ласерски чешел емитува невидлива инфрацрвена светлина која го забрзува метаболизмот на скалпот на клеточно ниво, ја подобрува циркулацијата на крв, и го зголемува дотокот на кислород кој овозможува повторно нормализирање на функцијата на фоликулите. Инфрацрвените ласерски зраци навлегуваат директно длабоко во скалпот, и притоа преку енергетизирање на коренот на влакното имаат биостимулативен ефект врз самата клетка. На тој начин стимулираат конвертирање на косата од “фаза на одмор” кон “фаза на раст”.
  • Клинички докажани хербални тоници – 101 HAIR CARE Центарот за проблеми со коса и нега на коса ви нуди тоници на база на 100% природни хербални екстракти. кои го регулираат циклусот на влакното и овозможуваат продолжување на фазата на раст на влакното со што директно се намалува и стопира опаѓањето на косата. Други растителни екстракти во составот на тониците го блокираат и спречуваат негативното дејство на метаболитите на тестостеронот со што директно го отстрануваат главниот фактор поради кои доаѓа до фронтално опаѓање на косата- залистоци.
  • Природни суплементи за коса – 101 HAIR CARE ви го нуди најдоброто можно природно решение во вид на природен додаток за спречување на фронталното опаѓање на коса кај млади мажи. Intervention е концентрирана комбинација од нутритиенти наменета за здрава, цврста коса. Соодветната присутност на минерали, витамини, аминокиселини е од есенцијална важност за раст на здрава коса, а превенира појава на опаѓање на косата. Станува збор за 100% природна, уникатна формула чии состојки и сооднос се засновани на најсовремените научни и технолошки достигнувања се со цел да овозможат оддржување на здравјето на косата.

 

комерцијален текст

www.doktori.mk, 16.01.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил