ФОТО: Неверојатни медицински илустрации

Дали некогаш сте се запрашале што има под кожата во одреден дел на телото?

Одговорот ќе ви го даде Дени Квирк, уметник кој специјализира во реалистични цртежи со водени бои. Тој го слика она што камерата не може да го долови. 

За својата работа вели дека иако делува мрачно, сепак е еден вид на уметничко истражување. Неговите анатомски илустрации се уникатни од повеќе аспекти.

Презентира луѓе во класични пози на современ начин. Дел од неговите дела се реалистични цртежи нацртани директно на кожата, а останатиот поголем дел се портрети, на кои преку замислени дисекции доловува што се наоѓа под кожата во различна регија на телото. 

 

Веруваме дека овие дела не ве оставија рамнодушни. Што мислите за нив?

www.doktori.mk, 10.01.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости