Доктори.мк | Предиграта не е неопходна | predigrata-ne-e-neophodna | Портал за медицина и здравје

Предиграта не е неопходна

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Некои ја сакаат многу, некои само финалето, а другите со најголемо задоволство би ја прескокнале и веднаш би поминале на самата работа. Дали е предиграта важна, кој не може без неа, колку треба да трае за да биде добра и зошто со штоперица в рака не треба да се оди в кревет?

Сите зборуваат за сексот, но тој сè уште е неиспитано подрачје. Колку е доста, која е најдобрата поза, како на него делува рутината, што го убива..., а колку треба да трае добрата предигра? Тоа се прашања од кои ги боли главата многуте Македонци. Дупло повеќе се троши време на телефонирање отколку на секс, а кога ќе се најде време за љубовните игри, воопшто не сме задоволни со нив. Напорната работа, малата плата, премногу обврски и кусок на комуникација со партнерот само се некои од причините поради кои се забораваме дека сме телесни и сексуални битија, чија цел на постоење не е само да се множиме, туку и да уживаме. А токму тоа почнавме да го забораваме. Долгиот брачен стаж и животните проблеми се непријатели на добриот полов живот, а комбинацијата: долгиот брачен стаж со чести сексуални односи води кон најдобар оргазам. Тоа значи и кон најдобар секс.

Мила, може ли без предигра?

Секој заеднички врв е волшебен момент што поцврсто ги врзува партнерите, без разлика на тоа колку се растргнати со дневните обврски. Секојдневните стресови нè оддалечуваат од платонските надмудрувања, од телефонскиот секс, од двосмислените СМС пораки, од вечно машко-женските игри на мачка и глушец, како и од нежните допири и од жешките долги бакнежи. Општо е познато дека и без предигра има секс, ама посветувањето на времето на партнерот и запознавањето на неговите потреби никако не можат да им штетат на квалитетните сексуални односи. Исто како што романтиката или топлиот здив на вратот никогаш нема да излезат од мода и покрај тоа што динамиката на модерниот живот нè тера да го заборавиме „заобиколувањето“. Не е двојбено дека предиграта е понекогаш сочна мирудија на добриот секс, но далеку од тоа дека е таа нужен предуслов за полово задоволство. Напротив, секс набрзина, на возбудливо место, предиграта ја прави излишна. Дури е и штетна зашто го уништува спонтаниот момент. Во списанието за медицинска сексологија (Journal of Sexual Medicine) објавено е испитување во кое предиграта е дебело преценета во постигнувањето на оргазам. На ипитуваните 2300 жени траењето на половиот однос многу им е поважен отколку предигата. Во просек загревањето трае 15,4 минути, додека самиот сексуален акт нешто малку подолго, 15,4 минути, а самиот сексуален акт за нијанса подолг, 16,2 минути, што за многумина им е прекратко. Заклучок? Сè зависи исклучиво од вас.

Премногу 3, а премалку 20 минути!

Било кој да мисли дека постои единствена формула за задоволувањето на партнерот во текот на животот, не се соочил со фактот дека тој партнер уште добро не го познава. Има испитувања што укажуваат дека се доволни 11 до 20 минути за вовед во сексот, додека, пак, другите тврдат дека сè што е подолго од 3 минути почнува да ги нервира и да ги одвратува од сексуалниот чин.

И сексолозите не се единствени во проценката на идеалното траење на предиграта од едноставна причина: секој е посебен семир за себе. Некој не може да го замисли сексот без воведна романтика, пригушена музика, без некоја мирислива свеќа и без испитувањата на ерогените зони; другите, пак, предиграта ја сметаат како чисто губење на време и убивање на надојдената страст, па сакаат што побрзо да прејдат на работа. Затоа единствен заклучок е: оптималната предигра трае толку колку  Вие тоа го сакате.

 

Што се менува со годините

Биолошки човекот е на врвот на половата моќ во триесеттите години, но и тоа правило има исклучоци. Навистина, со годините двата партнера мораат малку да го зачинат својот сексуален живот за да достигнат максимално уживање. Нашите испитувања открија дека 60% од мажите постари од 40 години се задоволни со својот сексуален живот, а 40% водат љубов еднаш неделно. Предиграта е составен дел од нивниот сексуален однос, а целиот однос, признаваат 37%, им трае околу 20 минути. Како времето одминува, потребата за физичката и емотивната поврзаност постанува сè поголема. Иако децата за тоа одбиваат и да помислат, нивните родители се сексуални битија, кои желбата ја чувствуваат исто како и младите. Над 50 години сексот на многумина им станува најубав лек за одржување на здравјето, а предиграта им е терапевско сретство за силно либидо. Така, на мажите им е потребна предиграта за да добијат ерекција, а на жените за да се навлажнат интимните зони. Се разбира, како и секогаш, трикот е да се прекине оној момент кога двата партнера не можат повеќе да се контролираат. Тогаш предиграта станува – игра.

 

Тајните на вистинските мајстори

На прв поглед се мисли дека е многу едноставно, ама да се создаде совршен момент за предигра не е ниту малку лесно. Замислете ја состојбата: по долгиот напорен работен ден, вашиот партнер доаѓа дома исцрпен и единствено му е напамет волшебниот свет на сонот. Сензуално го меркате, надевајќи се дека нема да ви го сврти грбот, но овој пат немате среќа. Каде згрешивте? Еве некои совети.

Прво, исфрлете ја од главата мислата дека не сте доволно креативни за предигра. Секојдневната рутина му се заканува на разновидниот сексуален живот, но тоа не значи дека не треба да се потрудите – со сите расположливи средства.

Во предиграта не морате да се пуштате непосредно пред водењето на љубовта, туку со часови пред тоа. Започнете го флертот уште наутро со лесно прегратка, нежен бакнеж или со сензуален поглед; продолжете со двосмислени пораки и со телефонски повици со кои на партнерот ќе му ги откриете своите скриени фантазии.

Белата памучна долна облека оставете ја во шкафот, извадете ги еротичните секси гаќички и градникот од резервите што и порано ви успевало.

Мажи, избегнувајте ги женските гради! Причината е едноставна, не сакате да си ги откриете своите адути уште во првата минута! Зголемете ја напнатоста и слободно заобиколувајте.

Накрај, предиграта не е свето писмо, ако партнерот сака да премине дирекно на работа, немојте да го спречувате. Зошто да се оддолжува? 

дознајте повеќе за проф. д-р Миќуновиќ

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 30.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил