Доктори.мк | Дигоксин - клинички профил на лекот | digoksin-klinicki-profil-na-lekot | Портал за медицина и здравје

Дигоксин - клинички профил на лекот

доктор на медицина

Digoxin, припаѓа на групата лекови познати како кардиотонични гликозиди. Овие лекови ја зголемуваат силата на работата на срцето.

Механизам на дејство

Фармаколошкиот рецептор на дигоксин е мембрански врзан катјон зависна натриум и калиум поврзана аденозин трифосфатаза (Na +, K + ATP-аза). Digoxin се врзува со овој ензим и го инхибира, што резултира со зголемување на интрацелуларна концентрација на калциум, кој, пак, ја менува интрацелуларната диспозиција на калциум.

Ефектот на дигиталис на интрацелуларната концентрација на калциум резултира со зголемување на силата и брзината на миокардната систолна контракција (односно позитивен инотропен ефект врз миокардните клетки). Digoxin има негативни хронотропни ефекти бидејќи ги забавува отчукувањата на срцето. Овие акции резултираат со намалување на стапката на еластичност, особено преку атриовентрикуларниот јазол, со последователни ефекти врз атријалната фибрилација. Digoxin исто така, има комплексни директни ефекти врз брзината на спроведувањето и рефрактерните периоди на спроводните влакна во срцевиот мускул. Во прилог на неговите директни ефекти, дигоксин делува индиректно, преку зголемување на вагалниот влез преку директни вагална стимулација и намалување на симпатичниот тонус. Овие ефекти придонесуваат за забавување на вентрикуларниот ритам со дигоксин, во синус ритам и во атријална фибрилација.

Примена

Digoxin е индициран за терапија на конгестивна срцева слабост. Digoxin може да се користи за терапија на поедини  суправентрикуларни дисритмии, посебно атријална фибрилација.

Дозирањето е посебно за секој пациент, зависи од тежината на болеста и општата состојба. Првата доза за возрасни и деца постари од 10 години изнесува помеѓу 0.75 mg и 1.5 mg во поединечна доза. Кај некои пациенти, на пример кај постарите, оваа доза може да се примени во поделени дози, во интервал од 6 часа. Алтернативно, како почетна доза може да се даде и помеѓу 0.25 и 0.75 mg на ден во тек на една недела. Почетната доза потоа се заменува со доза на одржување, оваа доза изнесува обично 0.125 до 0.75 mg на ден.

Постарите пациенти може да примаат доза која е пониска отколку за возрасните и децата постари од 10 години. Вообичаената почетна доза за деца под 10 години е помеѓу 0.025 mg и 0.045 mg на килограм телесна маса во период од 24 часа. 

Примената на Digoxin во текот на бременоста не е контраиндицирана, иако дозирањето може да биде помалку предвидиливо во бременоста отколку надвор од бременоста и кај некои жени е потребно зголемување на дозата на дигоксин во текот на бременоста. Како и со сите други лекови, примената на дигоксин треба да се разгледува само кога очекуваната клиничка корист од третманот за мајката е поголема од било кој можен ризик за фетусот во рaзвојот. Иако е регистрирана голема антенатална експозизиција на препарати на дигиталис, не се регистрирани значајни штетни ефекти по фетусот или новороденчето во услови на одржување на концентрација на дигоксин во серумот на мајката во рамиките на нормалните граници. Иако е шпекулирано дека директниот ефект на дигоксин на миометриумот може да доведе до релативна недоносеност и ниска родилна телесна тежина, не може да се исклучи доприносот на самата срцева болест. Кај трудниците, дигоксин е успешно применуван за третман на тахикардија и конгестивна срцева инсуфициенција на фетусот.

Бидејќи постојат извештаи за пречки поврзани со централниот нервен систем и сетилото за вид кај пациенти кои примале Digoxin, потребно е пациентите посебно да бидат претпазливи за време на управувањето со автомобил и ракувањето со машини или кога учествуваат во изведувањето на опасни активности.

На што да се обрати особено внимание?

Кога не смее да се зема Digoxin:

  • при алергија (преосетливи) на Digoxin или други лекови од истата група 
  • некои срцеви нарушувања обично не се лекуваат со дигоксин; тука спаѓаат состојбите кои се нарекуваат срцеви блокови, одредени срцеви аритмии и одредени случаи на хипертрофична обструктивна кардиомиопатија. 

Треба да се обрати особено внимание со Digoxin во колку:

  • има заболување на бубрезите
  • постои недостаток на калиум или магнезиум во крвта
  • постои вишок на калциум во крвта
  • има заболување на тироидната (штитната) жлезда
  • има тешко заболување на белите дробови
  • има проблеми со желудникот или цревата.
  • има проблеми со срцето предизвикани од недостаток на витамин Б, познати како "болест бери-бери"
  • неодамнешен срцев удар (миокарден инфаркт)

Исто така треба да се информира доктор доколку се зема некој од следните лекови:

  • Лекови за проблеми со желудникот и цревата, вклучувајќи лаксанси и лекови за нарушено варење, пролив и повраќање
  • Лекови за епилепсија
  • Лекови за зголемен крвен притисок и третман на нарушен срцев ритам
  • Лекови за проблеми со дишењето, како астма
  • Лекови за мокрење (диуретици)
  • Лекови за третман на канцер
  • Лекови за анксиозност или депресија
  • Лекови за бактериски инфекции (антибиотици)
  • Лекови за габични инфекции (антифунгални лекови)
  • Лекови за намалување на холестерол 
  • Лекови за спречување на трансплантација на орган отфрлање
  • Лекови за проблеми со Вашиот имунолошки систем
  • Лекови за спречување на згрутчување на крвта во текот на дијализа на бубрезите 
  • Анестетици
  • Стероиди
  • Хербални лекови кои содржат кантарион

Несакани ефекти

Несаканите ефекти произведени од digoxin често се поради тесните граници помеѓу терапевтските и токсичните дози. Посебна грижа треба да се преземе кај пациенти со висок ризик од развој на digoxin токсичност, како што се постарите лица и оние со бубрежно оштетување или болест на тироидната жлезда.

Чести (кај помалку од 1 од 10 луѓе)

  • бавно или неправилно отчукување на срцето
  • чувство на анксиозност, гадење или дијареа
  • исип на кожата кој може да чеша
  • поспаност или вртоглавица
  • визуелни нарушувања, со заматен или жолто-зелен поглед.

Помалку чести (кај помалку од 1 на 100 луѓе)

  • депресија.

Многу ретки (кај помалку од 1 на 10.000 луѓе)

  • модринки или крвавење полесно од нормално
  • болки во стомакот предизвикани од недостатокот на крв или оштетување на цревата
  • ментални нарушувања, збунетост, рамнодушност или неможност за расудување
  • слабост, замор или општо чувство на лошо
  • зголемување на градите кај мажите
  • губење на апетитот
  • главоболка.

Дознјате повеќе за авторот -  Д-р Дарко Стојановски

Совет: Употребувајте лекови кои се исклучиво препишани од страна на вашиот матичен лекар или специјалист, никогаш на своја рака. Пред употреба на овој и било кој друг препарат преопорачуваме да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт .

Овој лек е регистриран и во нашата земја -  повеќе информации во официјалниот регистар на лекови - клинкете тука

www.doktori.mk, 27.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација