Кажете им збогум на негативните луѓе

Со кого го поминуваме времето е буквално еднa од најважните животни одлуки. Свесно или не, со текот на времето стануваме збир од сите оние луѓе со кои сме опкружени.

Затоа, размислете за луѓето околу себе. Како влијаат тие на вас? Можеби не е лесно како што звучи, но зарем ви се потребни сите оние личности кои секојдневието ви го прават потешко?  Не е важно колку долго познавате некого, ниту како сте поврзани. Доколку имаат негативно влијание врз вас, тогаш мора да се оддалечите од нив. Честопати е тешко, но секогаш тоа е единственото решение.

Еве неколку типови на луѓе кои влијаат лошо врз вас:

1. Луѓе кои нон-стоп пцујат.

2. Луѓе кои постојано се жалат.

3. Луѓе кои ве депримираат.

4. Љубоморни луѓе

5. Песимисти

6. Луѓе кои постојано се шворц.

7. Луѓе кои се сомневаат во вашите соништа.

8. Луѓе кои велат "блазе тебе, тешко мене".

9. Луѓе кои им даваат негативна конотација на сите нешта.

10. Луѓе кои ги користат фразите "Се надевам", "Ќе се обидам".

11. Луѓе кои имаат аверзија кон преземањето на ризик.

12. Луѓето на кои помисливте, а не се во оваа листа :-)

Сиот негативизам околу вас, преку времето се акумулира во вашите мисли, го сменува начинот на коj ги гледате нештата и ги намалува вашите шансите за успех и среќа.

Запрашајте се

Дали сакате да сте во подобра форма? Во тој случај, тренирајте со посилните.

Дали сакате да заработувате повеќе? Епа, учете од оние кои заработуваат повеќе.

Дали сакате да бидете подобра личност? Поминувајте време со добри, позитивни луѓе кои се имуни на љубомората, омразата и огорченоста.

Иако многумина го превидуваат, ова е навистина едноставен рецепт

Кога мислите ви бидат средени и кога ќе почнете да размислувате позитивно, тогаш добрите нешта ќе започнат да се случуваат.

Вашиот живот е ваш избор

Работете го она што што сакате да го работите.

Живеете онаму каде што сакате да живеете.

Исполнувајте го времето со нешта кои ви причинуваат задоволство.

И не заборавајте

Непреземањето на ризик е најголемиот ризик кој го правите. Не дозволувајте пасивноста да биде причина за живот исполнет со каење.

www.doktori.mk, 25.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил