Топка - помошен реквизит во физикална терапија и рехабилитација

професор по физичко и здравствено образование

Кога мислиме на топката, првата асоцијација е дека таа е една од најомилените детски играчки. Меѓутоа, не треба да заборавиме дека топката е и многу важна алатка во кинезитерапијата.

Топката може да се користи во ортопедијата, неврологијата, спортската медицина, ревматологијата, за промовирање на психомоторниот развој кај децата, психофизичка подготовка за породување и закрепнување од породувањето.

Според бројни истражувања, огромен број на луѓе (меѓу 80 и 90%) во целиот свет, имаат болки во грбот предизвикани од лошото држење на телото.

Најчеста причина за овие болки е претерано седење уште како деца така и   возрасни  пред ТВ и компјутер, што доведува до постојанo повторување на истата положба, така што една група на мускули станува посилна  додека нивните антагонисти ослабуваат и следствено на тоа  доаѓа до ограничено движење на зглобовите.

Ако не можеме да го ограничиме времето што децата и возрасните треба или сакаат да го поминат во седечка позиција, ние можеме да го замениме со топка како стол и  со тоа да се елиминираат статичките активности кои го оптоваруваат  'рбетот и доведуваат  до болки во грбот.

 

Вежби на голема топка за деца 

Покрај тоа што топката е најомилен реквизит за игра, топката  е многу добар реквизит за вежбање. Големата топка може целосно да замени стол.

Големината на топката  за седење треба да одговара на возраста на детето, а ќе   знаеме дали е добра ако детето кога е во седечка положба на топката допира со двете стапала на подот . Топката може да биде округла или  во форма на осумка. Топката  детето може да ја користи  и за вежбање.

Топки  за вежбање може да се купат во спортски продавници и во специјализирани продавници  за детски играчки. Тие се направени од три слоја гума како гаранција за нивниот квалитет и издржливост. Безбедни се и не можат да се пукнат, бидејќи се тестирани на 300 килограми оптоварување. Ако постои физичко оштетување на топката таа полека ќе се издиши, така што детето не може да се исплаши или повреди. Ваквите топки  се направени од нетоксичен материјал што е особено важно ако ги користат мали деца кои можат да имаат контакт со устата.

Овие се карактеристиките на познати произведувачи на вакви топки. Треба да внимаваме на евтини копии кои можат да го загрозат здравјето на нашите деца.

Следниве  вежби се само дел од она што може да се направи со голема топка!

 

Прва вежба

УВЕЖБУВАЊЕ НА РАМНОТЕЖА ВО СЕДЕЧКА ПОЛОЖБА СО ИСПУЖЕНИ НОЗЕ И РАШИРЕНИ РАЦЕ

 

Втора вежба

НАД ТОПКАТА НА СТОМАК СО РАШИРЕНИ РАЦЕ ВО СТРАНА

Трета вежба

СКЛЕКОВИ - НА СТОМАК НАД ТОПКАТА НОЗЕТЕ ИСПРУЖЕНИ  А РАЦЕТЕ НА ПОДОТ ВО ПОЛОЖБА ЗА СКЛЕКОВИ

 

Четврта вежба

ЛЕГНАТА ПОЛОЖБА НА ГРБ (на под)  НОЗЕТЕ ИСПРУЖЕНИ НА ГОРЕ И ДЕТЕТО ЈА ДРЖИ ТОПКАТА СО НОЗЕТЕ

Петта вежба

ЛЕГНАТ НА ГРБ  НАД ТОПКАТА (положба  на мост) ИСТЕГНУВАЊЕ НА  РАЦЕТЕ ИСПРУЖЕНИ ПОЗАДИ ГЛАВА  

Дознјате повеќе за Катерина И. Стојаноска, професор по физичко и здравствено образование

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 25.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - вежби