Доктори.мк | Рефлексотерапија | refleksoterapija | Портал за медицина и здравје

Рефлексотерапија

дипломиран физиотерапевт, специјализант за рехабилитација во хирургија, ортопедија и трауматологија

Потекнува од Кина, а на запад се проширува заедно со акупунктурата. Освен тоа, постојат докази дека рефлексната масажа ја користеле и примитивните народи во Кенија, како и нативните американски племиња. Со почетокот на минатиот век често име за рефлексотерапија било ЗОНСКА ТЕРАПИЈА, а еден од првите кои го користел тоа име бил доктор Фицџералд, која оваа терапија ја костистел како еден облик анестезија кога извршувал мали оперативни зафати, како и при ослеснување на болките при породување.

 

Приказ на рефлексни точки на стапало:

Рефлексологијата е заснована врз сознанието дека секој дел од телото е претставен на дланките и стапалата, a притискањето врз одредени делови (точки) на стапалата и дланките има терапевтски ефекти врз другите делови на телото. Рефлексологијата досега се покажала како ефективна за:

  • Болки во грбот;
  • Мигрена;
  • Артритис;
  • Несоници;
  • Спортски повреди;
  • Нарушувања на метаболизмот;
  • Стресни ситуации.

Рефлексотерапијата е метод на притисок врз дланките и стапалата на одредени рефлексни точки каде што се проектираат органи во тераписки цели.

 

Приказ на рефлексни точки на дланка:

Рефлексологијата е погодна за сите видови возрасти и може да придонесе за подобрувања од поширок ранг – за акутни и хронични состојби. Некои луѓе ја користат рефлексологијата за психичка релаксација и надминување на стресот и, во исто време, докторите и останатите здравствени терапевти ја признаваат рефлексологијата како многу ефективна терапија. Дури и да се работи за сосема мала стресна ситуација, важно е луѓето да научат како да се грижат за сопственото здравје. Рефлексологијата Ви помага да ги надминете физичките, психичките и емоционалните проблеми, а истовремено охрабрува и да го задржите здравјето во сите сфери на животот. Во рефлексотерапијата се користат само рацете, односно притисокот на прстите на рефлексните подрачја кои се наоѓаат на стапалата. Подрачјата и точките на стапалата кои одговараат на одредените органи во телото се чувствителни, а понекогаш и многу болни, зависно од нарушувањето и блокадите на енергијата во одредени органи.

Ефекти

  • Детоксикација на целиот организам;
  • Ја зголемува енергијата на целото тело;
  • Го подобрува и регулира метаболизмот;
  • Ја подобрува циркулацијата;
  • Регулација на крвниот притисок;
  • Регулација на холестеролот;
  • Регулација на шеќерот во крвта;
  • Спортски повреди;
  • Проблеми на 'рбетот - лумбаго, дискус хернија;
  • Неврологија - полиневропатија, мултиплекс склероза во рана фаза, Паркинсонова болест во рана фаза;
  • Дигестивни проблеми - болки во стомакот, зголемена киселина, подуеност, дијареа;
  • Менструални болки;
  • Психомоторни нарушувања - стрес, депресија, анксиозност;
  • Астма, бронхитис, синузитис;
  • Грчеви во нозете.

Несакани ефекти

  • Висока температура;
  • Флебитис;
  • Ментална болест;
  • Габични инфекции на нозете;
  • Рани на нозете;
  • Внатрешно крварење;
  • Тромбоза.

 

 

дознајте повеќе за авторот Цветанче Стојческа

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 24.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина