Подгответе се за скијање - видео вежби

Скијањето е возбудливо и забавно, но во никој случај не е лесно - тоа бара одлична физичка подготвеност. Вежбите кои ги избравме ќе ви помогнат да се подготвите за новата сезона на скијање, и ќе ви овозможат да ја одржувате телесната кондиција во целиот нејзин тек.

Следниот тренинг не само што ќе ви помогне да станете посилни и да согорувате што повеќе калории, туку и ќе ви помогне да ги подобрите прагот на анаеробна толеранција, рамнотежата и координацијата. Во неговиот фокус  се најчесто употребуваните мускулни групи и движења, а целта е оваа година да го избегнете познатото "се ме боли" на крај на денот поминат на ски патеката.

За да го извлечете максимумот и навистина да уживате во скијањето подготовките започнете ги навремено. Се препорачува вежбите да ги повторувате  2-4 пати во неделата.

Придобивки

  • подобра мобилност на половината
  • подобра стабилизација на колената
  • зацврстување на мускулните групи на ногата и зголемување на нивната издржливост
  • полесно станување по пад од скиите
  • подобра координација
  • полесно свртување и промена на насока
  • зголемување на брзината и намалување на времето потребно за реакција

 

Уживајте во долгите и забавни зимски денови исполнети со скијање :-)

Живеј Мудро. Живеј здраво.

 

 

Дали сте расположени за уште видео вежби? 

ДА - НЕ

 

www.doktori.mk, 22.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - вежби