Најдобра грицка за слабеење

Сите знаеме дека јаткастото овошје е здраво, но она што можеби не сте го знаеле е дека овие вкусни грицки, ако се однесува на оние што имаат лушпа, ќе ви помогнат и да ослабете. Истражувањата покажаа дека во тоа посебно ќе ви помогнат ф’стаците.

„Ова е најверојатно најздравата грицка“, тврди д-р Џејмс Пентер, специјалист за бихејвиорална исхрана на Универзитетот Источен Илиноис. Тимот под негово водство докажал дека луѓето кои два пати неделно јадат од овие грицки имаат помала шанса да се здебелат. И не само тоа, туку истите и слабеат.

Исто така, овие научници докажале и дека луѓето кои јадат ф’стаци со лушпа, односно ги чистат пред јадење, консумираат околу 50% помалку од оние кои јадат чистени ф’стаци. Значи – трудот на чистењето од лушпите се исплатува.

Помалку калории од останатите јаткасти плодови

Ф’стаците имаат помалку калории во однос на останатите јаткасти плодови – порција од 30 грама има 160 калории. Ако се спореди тоа со многу покалоричните бадеми, ќе испадне дека за 23 бадеми можете да изедете калориски еквивалент од 49 ф’стаци.

Богати се со антиоксиданти

Јаткастото овошје е нутриционистички многу важно. Ф’стаци, ореви, бадеми... Сите тие се многу корисни и секое од нив има свои предности и хранливи материи. Ф’стаците, сепак, имаат најмногу антиоксиданти од сите јаткасти плодови. Зеленкастата боја им ја даваат лутеинот и зеаксантинот, кои се повеќекратно важни за здравјето (посебно за здравиот вид). Тие се и јаткасто овошје со најмалку калории и маснотии.

Лушпата како показател

Во едно друго истражување, 118 запослени на Универзитетот Мидвестерн на нивните работни маси добивале сад со ф’стаци, кои можеле да ги грицкаат кога сакаат додека работат. Работниот ден го започнувале со сад со 100 грама ф’стаци со лушпа и еден празен сад во кој ги фрлале исчистените лушпи.

На секои два сати им се додавало по 50 грама ф’стаци. На половината од нив, на истиот временски интервал, им се истурал садот со празни лушпи и им се враќал чист, додека на другите садот со празни лушпи останувал до нив за цело време.

На крајот е востановено дека испитаниците од втората група внесле 22% помалку калории од оние од првата. Објаснувањето за тоа е просто – празните лушпи се визуелен показател за консумацијата. Оние кои не можеле да гледаат колку ф’стаци изеле (колку празни лушпи оставиле), на крајот изеле повеќе и внесле повеќе калории.

Изберете ф’стаци со лушпа!

Заклучок на оваа статија е дека ф’стаците се многу здрава грицка, особено корисна ако огладнете помеѓу оброците. Сепак, важно е и да ги изберете оние со лушпа. Чистењето на лушпите ќе ве успори во консумацијата, ќе му дадете време на мозокот да сфати дека сте сити, а и по количината на исчистени лушпи ќе знаете колку сте изеле.

 

 

www.doktori.mk, 18.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана