3 Совети за побели заби

доктор по стоматологија
Стоматолошка ординација ˝Lege artis˝ - Гостивар

Секој од нас има желба да има побели заби. Следните 3 совети од стоматолог ќе ви откријат како да имате побели и посјани заби во еден подолг период.

1. Обелување на забите ʺPOWER BLEACHINGʺ во стоматолошка ординација 

Оваа е оптимална метода за обелување на забите. Целата процедура се врши во ординација и тоа од страна на самиот стоматолог. На почетокот се врши чистење на забите со паста и со четка, за површините  на забите да бидат почисти, а потоа стаматологот го изолира гингивалниот предел за да го заштити од оштетување. Материјалите што се употребуват за обелување на забите се најчесто водороден пероксид 30% и карбамид пероксид  кои се аплицират на вестибуларните страни на забите. Потоа, под дејство на електричната ламба ˝light-accelerated˝ за времетраење од 20-30 мин. се постигнува ефектот на обелување на забите. По процедурата му се препорачува на пациентот да користи пасти кои содржат 30% Xylitol со цел да останат забите бели што подолго.

2. Обелување на забите во домашни услови 

Обелувањето на забите го прави самиот пациент  во домашни услови, следејќи ги советите на стоматологот. Процедурата се врши во текот на ноќта, но можно е и преку ден во период од неколку часа. Со специјални лажици кои се посебно изработени за секој пациент се прави модел и се формира индивидуална лажица која се прилагодува на формата за забите. Во неа се аплицира гел од водороден пероксид, и истовремено му се препорачува на пациентот пред да почне да со употреба на гелот за обелување на забите да врши чистење на забите со паста во времетраење од најмалку 3 мин. Целата оваа процедура е лесна за секој пациент, но има  недостаток во споредба со првата метода, а тоа е нејзината повисока цена и поголеиот ризик од оштетување на забите.

3. Употреба на специјални пасти 

Употреба на забните пасти е една од алтернативните методи која е поевтина и многу полесна за пациентот. Денес скоро во сите аптеки можат да се најдат пасти кои во својот состав содржат 30% Xylitol како и одредена количина флуор (~1450ppm), со што му се советува на пациентот најпрво да ги чисти забите со секојдневна паста, па потоа со пастата која е наменета за белење. Оваа метода е помалку ефективна во споредба со другите, но е полесна за употреба.

Дознајте повеќе за д-р Фламур Хавзиу

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 17.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија