Синдром на празен скротум

специјализант по општа хирургија

Како да препознаете празен скротум?

Причина за состоба на празно скротално ќесе може да биде некоја од следните:

1. Анорхија

Анорхија е целосно отсуство на тестисот. Неретко придружена со истострано отсуство на бубрег и уретер. Тераписки со цел да се избегне психичкиот фактор може да се постават протези.

2. Ектопичен тестис

Ова е состојба во која има абнормална позиција на тестисот, позиција надвор од нормалната десцедентна линија на тестисот ( патот на спуштање на тестисот во скроталното ќесе). Според тоа каде е позициониран тестисот може да зборуваме за: епифасцијална ектопија која е најчеста и подразбира тестис поставен над апонеурозата на m.obliquus externus, поткожно. Поретки форми на ектопија се умбиликална, супрапубична, феморална, перинеална, и вкрстена ектопија. Ектопичниот тестис е со нормална морфологија. Терапијата е исклучиво хирушка. Оптимално време за интервенција е 2-4 годишна возраст.

3. Крипторхизам

Крипторхизмот настанува како последица на стоп во спуштањето на тестисот кон скротумот, на ниво  на абдоменот (стомакот).

4. Непалпабилен тестис

Почесто се сретнува кај недоносени деца и кај мајки чија бременост била хормонски одржувана.

5. Retencio testis

Стоп во спуштањето на тестисот кон скротумот во неговата нормална десцедентна линија, на ниво на ингвиналниот канал и пред скротално палпабилен тестис.

Терапијата кај крипторхизмот и retentio testis може да биде хормонска (HCG, LHRH), но конкретно за крипторхизмот искуството покажало дека оперативниот третман дава подобри резултати. Две годишна возраст се смета за идеална за оперативен третман.

6. Тестис мигранс: подвижен или шетачки тестис

Причината е хиперактивен кремастерен мускул. Положби во кои постои релаксција на кремастерот ( турско седење) тестисот е во скротумот. Додека при манипулација со детето тој се качува во ингвиналниот канал. Терапија не е потребна.

Сите форми можат да се јават еднострано или обострано.

Навремено детектирање на празниот скротум од страна на родителите (визуелно и на палпација) е клучен сегмент!

Компликации

Ненавремена терапија дава бројни компликации како:

  • Стерилитет (кај нетретирани е 100% а кај третирани 44-75%)
  • Траума (неспуштен тестис е фиксиран и подложен на траума)
  • Торзија - увртување (можна посебно кога постои и конгенитална херниjа-кила)
  • Малигнизација (неспуштен тестис во однос на спуштен тестис има до 43 пати поголема можност за малигнизирање на тестисот)

Oперативен третман на неспуштен тестис - Orchydopexia

Дознјате повеќе за д-р Илина Гаџевска

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 15.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина