Предности на редовната физичка активност

студент по медицина

Научно е докажано дека редовната програма на физичка активност доведува до подобрување на општата здравствена состојба и намален морбидитет.

Секојдневната физичка активност има позитивен ефект при многу заболувања:

  • Коронарна срцева болест и други кардиоваскуларни болести;
  • Висок крвен притисок;
  • Намалување на холестеролот и липидите во крвта;
  • Дијабет (тип 2 дијабетес);
  • Инсулинска резистенција и гликоза нетолеранција;
  • Рак на дебелото црево;
  • Рак на простата;
  • Рак на дојка;
  • Заболувања на жолчниот меур;
  • Депресија.

Таа, исто така, доведува до:

  • Подобрување на елементите на физичката кондиција (кардиоваскуларна форма, мускулна издржливост, сила на мускулите, моторни вештини);
  • Чувство на задоволство;
  • Намалување на стресот;
  • Намалување на прекумерната тежина, односно дебелината;
  • Зголемување на густината на коските;
  • Намалување на фреквенцијата на артритис.

Поволни ефекти од физичката активност може да се постигнат доколку се практикуваат следниве принципи:

  • 30-60 минути на континуирана аеробна активност секој ден;
  • Практикување на редовна физичка активност 4-6 пати неделно;
  • Да се ангажираат сите големи мускулни групи;
  • Да се практикуваат ритмични и анаеробни вежби;
  • Да се вежба континуирано и секојдневно.

Со ваков интензитет на вежбање се постигнува:

  • Се губат 120-200 ккал/ден и 1000-1500 ккал/неделно;
  • Се користи 60-90% од максималната срцева фрекфенција;
  • Се искористува 50-85% од максималниот кислород.

Времетраењето и интензитетот може да се утврди индивидуално од страна на секој човек.

Се препорачуваат аеробни активности: возење велосипед, пливање, џогирање, спортски игри, танцување и слични активности.

Секое лице што сака да стане или остане физички активно треба јасно да ги разбере и да ги цени позитивните и корисните ефекти обезбедени од страна на физичката активност.

Со редовна и умерена физичка активност се постигнуваат позитивни ефекти за здравјето.

За да се постигнат позитивни здравствени ефекти од редовната физичка активност, важно е да се направи програма за подобра физичка кондиција од фитнес тренери или луѓе обучени за тоа, бидејќи така побрзо ќе се дојде до посакуваните резултати.

Заклучок

Физичката активност може да замени многу лекови, но ниеден лек не може да ја замени физичката активност.

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 24.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - вежби