Слива - мултивитамин за срце

доктор по стоматологија

За сливата се вели дека е вистински природен мултивитамин. Витамините кои ги содржи ова овошје со ниска енергетска вредност се во сооднос оптимален за човечкиот организам.

Сливите се овошје со ниска енергетска вредност која е околу 4 пати помалку од лебот. Нивниот одличен вкус доаѓа од добриот однос на шеќери (пет видови) и овошни киселини. Лековитоста кај сливите доаѓа до израз при заболувања кај бубрезите, гихт, болести на црниот дроб, ревматоиден артрит и др

Нутритивна вредност

Сливите се препорачуваат да се јадат бидејќи содржат комбинација на витамини меѓу кои и Витамин Ц, Витамин Б6, Витамин Е. Ниеден од тие витамини во сливата не се наоѓа во голема количина, но во комбинација се  наоѓаат во сооднос кој е оптимален за организмот. Затоа за сливата се вели дека е вистински природен мултивитамин.

Свежиот плод на сливата е најлековитиот дел. Тој содржи 84% вода, 0,6% белковини, 10% јагленихидрати, 2,1гр растителни влакна, а посебно важно е да се истакне дека содржи високи содржини на пектин поради што е најдобро овошје и природно средство за регулација на варењето. Плодот е богат и со бета каротен, фолна киселина и минералите калциум, фосфор, калиум, магнезиум, натриум, железо, и бакар.  Бакарот меѓу останатите важи за најзаслужниот за добрата работа на срцето и црниот дроб. Покрај другото, сливата содржи и јаболкова киселина.

Денес се познати околу 2000 видови сливи (жолти, зелени, модри и црвени). Најзначајни и најкорисни се сортите Prunus domestica или Европска слива и Prunus salicina или Јапонска слива. 

Совет плус:

Освен свежа, сливата може да се користи и припремена во различни овошни салати, десерти, мармалади, пекмези, сосови, сокови и компоти. Компотот од сливи се користи при запек, бидејќи има доста пектин кој го помага работењето на цревата.

дознајте повеќе за авторот

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 09.12.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана